Автор Тема: Formula 1 - Season 2013  (Прочитано 305868 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1095 на: 13 Мај 2013, 12:15:20 pm »
Возачите треба да возат а не да изиграваат научници!  Dа ти се посерам во Формулата, се повеќе ми се одмилува да ја гледам! Дури и малава која има само 9 години забележа "Оти толку често ги сменуваат гумите, има камчиња на патот ? "

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1096 на: 13 Мај 2013, 12:19:06 pm »
Јеби га, Ф1 е ова, сепак 17 илјадинки помножено со 60 и кусур кругови еднакво на еееее .....победа !

 :-*







Од сабајле читам по порталиве дека на Фетел му функционирал ДРС-от  ;D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1097 на: 13 Мај 2013, 12:26:54 pm »
На некој му треба двоглед во генерален палсман, не знам на кој? ;D



(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од сабајле читам по порталиве дека на Фетел му функционирал ДРС-от  ;D


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1098 на: 13 Мај 2013, 12:27:52 pm »
Сори, сум го преспал остатокот од сезоната, незнаев дека завршила :(

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1099 на: 13 Мај 2013, 12:36:09 pm »
Далеку од завршена, ама јас никако не би типувал на Алонсо! Алонсо може да стане првак само ако на 3 трки пред крај води со теоретски недостижна разлика!

А тоа богами годинава тешко да се случи!

Ако постои дури и теоретска шанса да биде поразен од конкуренцијата, тогаш ништо не се знае до последниот круг од последната трка, што и се докажа во изминативе 3 години!

Порано само Петел му беше вистински ривал, бидејќи Вебер и уште поголем плачко од Жалонсо но сега е тука Кими кој не ебе жива сила, така да на Алонсо не би типувал годинава во никој случај!

Не типував на него ни последниве 2 сезони па бев во право!

Ќе видиме има уште време, кој сака да се клади нека стави парички на Петел, Раиконен е одличен но е малерозен тип и сеуште не го имаат стигнато сите клетви годинава, мислам дека ќе му се собере се во едно две или три трки и ќе се издуваат на крај!

Ќе видиме, мое лично субјективно мислење!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1100 на: 13 Мај 2013, 12:58:13 pm »
За што плачел Алонсо ?


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1101 на: 13 Мај 2013, 13:11:48 pm »
Од радост, дома си победи човекот :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1102 на: 13 Мај 2013, 13:20:45 pm »
И ќорава кокошка од време на време погодува зрно.

;D

Алонзо е добар... не, извонреден шофер со шампионски квалитети и за тоа нема дискусија.

Меѓутоа, она што го приметувам кај неговите навивачи е недостаток на осет дека и други од актуелните шофери се исто така јаки и - во даден период - дури и подобри од Алонзо. Тоа не го прави Алозно послаб шофер отколку што е. Но да се нарекува Фетел просечен возач кој на среќа зел три титули е отсуство на контакт со реалноста (тоа отсуство на контакт е типично за сите навивачи кои во навивачката страст често губат разум)

Во неколку наврати сум рекол дека не потценувам ниту еден возач и никогаш не сум рекол овој не вреди, тој е ќорава кокошка и сл. но ми смета кога се сере за Алонсо (ќе ми смета и за друг, ама за него само се сере) дека нема појма или што ти ја знам..

И секој нека размисли (ако малку има појма од трки) дека возачиве во формула 1 поминале многу долг пат додека да стигнат во формула 1 (од картинг, туринг, рели, порше куп, формула 3 и тн...) и се 22-цата од цел свет што успеале (и заслужиле) да влезат тука и заслужуваат почит.


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22225
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1103 на: 13 Мај 2013, 15:28:12 pm »
Возачите треба да возат а не да изиграваат научници!  Dа ти се посерам во Формулата, се повеќе ми се одмилува да ја гледам! Дури и малава која има само 9 години забележа "Оти толку често ги сменуваат гумите, има камчиња на патот ? "

Zatoa ke i pustus Nascar. ;D


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1104 на: 13 Мај 2013, 16:12:46 pm »


Цитат
Фернандо Алонсо ја забележа својата 32-ра гран при победа во кариерата, со што изби сам на четвртото место на вечната листа на возачи, рангирани според бројот на победи во трки.
Шпанскиот возач досега ја делеше оваа позиција со светскиот првак од 1991-ва година, Најџел Менсел, а сега е највисоко рангираниот активен возач, веднаш зад легендарниот Аиртон Сена, чија кариера трагично застана на бројката од 41 гран при победа. Повеќе победи во своите кариери имаат само Алан Прост и Михаел Шумахер.
- Иако ова ми е трета победа на домашна трка (досега имаше една во Барселона со Рено и една со Ферари во Валенсија за ГН Европа – з.а.), емоциите сè уште се мошне силни, како никогаш да не се случило. Убаво е да се биде во можност да и се даде на Шпанија оваа победа, особено во време на криза, кога многу луѓе не е возможно да дојдат и да ни ја дадат својата поддршка. - изјавил Алонсо во тимското соопштение до медиумите.
Тој објасни дека престигнувањето во третиот свиок му дошло како идеја гледајќи ги трките од ГП2 серијата.
- Го исклучив КЕРС уредот, за да го користам во третиот свиок. Сфатив дека таму е можно да се нападне од надворешна страна, и тоа гледајќи ја трката од ГП2 серијата. Последниот пит стоп го направивме порано од предвиденото, бидејќи ми се дупна задната лева гума., но за среќа тоа немаше свој одраз врз резултатите. Мислам дека со овој болид можеме да се бориме за титулата, а резултатите покажуваат дека во пет трки имаме две победи и едно второ место. Отсега, ќе мора да имаме константни перформанси и да освојуваме што е можно повеќе поени. Знаеме дека не сме најбрзи, но за да го смениме тоа многумина работат деноноќно, како на патеката, така и во Маранело. - посочи Алонсо.

http://derbi.mk/index.php/motorsport/formula-1/item/3194-caramba-alonso-e-vednas-zad-senna

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1105 на: 13 Мај 2013, 16:14:56 pm »
Тоа е тоа, секоја чест.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1106 на: 13 Мај 2013, 17:17:58 pm »
За што плачел Алонсо ?



Па вие го направивте уште поголем плачко! Кога не победува болидот е крив, некој шо го удрил или он се учукал у него е крив, Грожан е крив, ДРС от се расипал и не знам што!

За жал возачот не е цел тим а во Ф1, монетано победуваат оние што имаат цел тим а не само шофер ! Грешките на тимот ги плаќа шоферот, пус неговите грешки, ете ти заебанција!

Но не треба да се плаче нели, машки треба да се поднесе секој пораз и да се прослави секоја победа !

Ова второво ви оди од рака , она првото малку потешко ! ;D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1107 на: 13 Мај 2013, 18:41:59 pm »
Поштено си изработија Ферари. Колку сака нека збори Алонсо дека не се најбрзи и со тоа да го трга притисокот од него, очигледно е дека за време на трка од старт до финиш имаат најдобро и најбрзо темпо од сите. Тоа го покажаа и во Кина и сега во Шпанија. Има многу до крајот, но ако не им се дешаваат глупости у Ферари и те како можат да му ја земат титулата на Фетел. Од друга страна, фераристите треба да ги загрижува фактот што по завршувањето на европскиот дел од сезоната, односно кога се враќаат азиските трки на календарот, ред бул-от како да добива крила. Ќе мора Алонсо најпрво да го искористи овој дел од сезоната, за да ја стопи разлика на Фетел, а потоа и да направи разлика во своја корист и после коа ќе дојдат тие азиски трки, доколу Фетел победи, Алонсо мора да биде на подум. У целава прича, не го спомнувам Кими, поради тоа што неговиот тим нема шампионски капацитет. Колку и да е он добар како возач, сепак мора да имаш јак тим позади себе за да стигнеш до титула. Видете ги само пит-стоп времињата на Лотус и ќе ви стане се јасно. Додека Ферари и Ред Бул се околу 2.5 секунди, кај Лотус не сум видел да сменат испод 3.5, а тоа е веќе една секунда помножена со 3 застанувања и стануваат 3 секунди. Ова со пит стоп-ов ми е еден пластичен пример иако и те како игра улога воиграноста не механичарите. Единствена шанса за Кими да стигне до титула е, да си продолжи со константноста која што ја има, да си чмае на подиум, да џапне уште некоја победа тук-таму, а Фетел и Алонсо да не завршат некоја трка. Некој ги спомна малерите на Кими, се надевам дека ги истроши малерите во времето кога возеше за Мекларен.

Честито победа фераристи и радувајте се во наредниве 2 недели, пошто следна трка е во Монако, а сите знаеме дека улиците на Монте Карло не им се омилени на тимот на Ферари. Последен пат за Ферари во Монако, победил Шуми пред 12 години.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1108 на: 13 Мај 2013, 18:51:58 pm »
Кими свака част за постов, ова е искрен пост поткрепен со разбирање а не инаетење за очигледните работи. Браво

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #1109 на: 13 Мај 2013, 19:45:51 pm »
Мекларен и сега тера со истите малери