Поштено си изработија Ферари. Колку сака нека збори Алонсо дека не се најбрзи и со тоа да го трга притисокот од него, очигледно е дека за време на трка од старт до финиш имаат најдобро и најбрзо темпо од сите. Тоа го покажаа и во Кина и сега во Шпанија. Има многу до крајот, но ако не им се дешаваат глупости у Ферари и те како можат да му ја земат титулата на Фетел. Од друга страна, фераристите треба да ги загрижува фактот што по завршувањето на европскиот дел од сезоната, односно кога се враќаат азиските трки на календарот, ред бул-от како да добива крила. Ќе мора Алонсо најпрво да го искористи овој дел од сезоната, за да ја стопи разлика на Фетел, а потоа и да направи разлика во своја корист и после коа ќе дојдат тие азиски трки, доколу Фетел победи, Алонсо мора да биде на подум. У целава прича, не го спомнувам Кими, поради тоа што неговиот тим нема шампионски капацитет. Колку и да е он добар како возач, сепак мора да имаш јак тим позади себе за да стигнеш до титула. Видете ги само пит-стоп времињата на Лотус и ќе ви стане се јасно. Додека Ферари и Ред Бул се околу 2.5 секунди, кај Лотус не сум видел да сменат испод 3.5, а тоа е веќе една секунда помножена со 3 застанувања и стануваат 3 секунди. Ова со пит стоп-ов ми е еден пластичен пример иако и те како игра улога воиграноста не механичарите. Единствена шанса за Кими да стигне до титула е, да си продолжи со константноста која што ја има, да си чмае на подиум, да џапне уште некоја победа тук-таму, а Фетел и Алонсо да не завршат некоја трка. Некој ги спомна малерите на Кими, се надевам дека ги истроши малерите во времето кога возеше за Мекларен.
Честито победа фераристи и радувајте се во наредниве 2 недели, пошто следна трка е во Монако, а сите знаеме дека улиците на Монте Карло не им се омилени на тимот на Ферари. Последен пат за Ферари во Монако, победил Шуми пред 12 години.