И јас не го сакам Миленко, само морам да признаам дека многу му беше на место епитетот за Ферари.
Па не би рекол, дека Ред Бул се дигнаа, зашто Ферари прво беа плескани од Рено, па Кими дојде и освои титула. После тоа се држеа со Мекларен со до крај, ама пустите пари си го направија своето, намерно си го саботираа својот возач. У 2009та ги плескаше кој стигне, Браун парче направија, 2010/11/12 Ред Бул ви наби комплекси до бескрај. сума сумарум од 2005та до 2012та, а тоа се 8 години, Ферари виде само една титула, што за тим со толкави средства, историја, попуарност е премалку. Сепак Ферари се паднати и тоа многу, а парите од сантандер по кои што се полакомија им се удрија од глава.
Во сите овие години (освен можеби во една), ферари бил директен конкурент за освојување на титула во возачка и конструккторска конкуренција, има освоено една во возачка и две во конкуренција на конструктори.
Воедно, има вкупно најмногу титули и во конкуренција на конструкотри и во конкуренција на возачи.
Исто така е и најстар тим со постојан континуитет во F1, со најмногу запишани победи, пол позиции и најбрзи кругови.
Не можеш да кажеш дека некој непотребно го велича Ферари, кога благодарение на успесите има право на тоа .
И јас не го сакам Алонсо ич, ама ако носи победи за Ферари - тоа е доволно добро за мене. Сеуште како возач има повеќе победи од Фетел, па може да се каже дека е поуспешен возач од него.
Туку, тек сме на почеток на сезоната, Ферари имаат подобар болид, но малку и полоша среќа на почеток од лани, ама има време. Ако машината функционира, ќе биде добра сезона за Ферари.
Јас не го осопрувам тоа, односно не ги оспорувам фактите, титулите и успеситe на Ферари. Тоа што јас го кажав, дека непотрбено се велича Ферари и Алонсо, се однесуваше на муабетите на вас фераристите у темиве за Ф1 за тековните сезони.
Е сеа, малку околу историјата, Едната конструкторска титула е освоена на маса, односно од кога на Мекларен му беа одземени сите бодови поради Степнигејт аферата. Дали било праведно и што и како се случувало тогаш нема да коментирам. Истата таа година Кими ја освои единствената во задњиве 8 години титла за ферари во конкуренција на возачи. Покрај таа титула во 2006, 2008, 2010 и 2012 возач на ферари бил на 2ро место и се борел за титула. Во конкуренција на констрктори освен 2006та, 2007ма и 2008ма каде што Ферари освоил 2 титули и бил на чекор од освојување на уште една, во остнатите 5 години буквално на Ферари им е испеглан гзот од страна на другите тимови и немало никаква борба од страна на Ферари за освојување на конструкторска титула.
Како што реков претходно у Ферари си смрдат работите и тоа многу, и не личи на тим кој што има толку успеси зад себе. Направија според мене низа грешки и глупи одлуки кои што тимот го одведоа во надолна линија, и се тоа за пари. Епа ете им ги парите, ама немојте тука да ми ги величате Алонсо и Ферари, затоа што се далеку од тоа што еден тим на Ферари треба да биде. Искрено и мене ми фали еден таков Ферари како што гледав во минатото. Не дека навивам за Кими, ама факт е дека од кога го избркаа, работите ептен им излетаа од раце и им избегаа од контрола.
Иначе и мене како возач највеќе впечаток ми остава Кими ама почиња одбивен да ми станува зараи начиов Кими. Премногу загрозен е и одбивно делува. Му го срами името, витинскиот Кими никогаш не би реагирал така.

дај биди малце појасен.
Иначе околу шпекулациите за кој каде и кога би возел. Искрено сакам доколку Хонда се спои со Мекларен, Кими да улета таму и да го гледам во Мекларен Хонда. Околу Кубица, можно е да се врати наместо Кими, затоа што Кими моментално има 33 години, а годинава ќе полни 34. Така што за 2 години Кими ќе има 36, што у денешни услови е многу за Ф1. Така што, ништо чудно Грожан и Кубица да возат за Лотус од 2015. Или пак да улета Кубица у 2014та у Лотус, ако Кими отиде у Мекларен Хонда, доколку се оформи таков тим.