25.04.2020 година, 116.889 километри.
Заменето маслото во менувачот, со Fuchs Titan Sintofluid SAE 75W-80.


Уљето ме кошташе 1.200,00 денари за 2 литри. Во менувачот собира 1.6 литри, иако - не знам од која причина, истече САМО нешто помеѓу 900 милилитри и литро. Не капеше од нигде и во овие 12 години прв пат го менувам.
Беше доста густо и црно во шишето. Кога се цедеше, црвени беа капките. За разлика од новово, кое исто беше густо, ама жолто.
Дихтунгот ме кошташе 350,00 денари, пастата - 150,00. Мада, пастата не ми ја бендиса мајсторот, си стави некоја негова.
Работна рака - 300,00 денари. Вкупно - 1.850,00 денари.
Освен забелешката за наводниот недостаток на уље во менувачот за разлика од пропишаната количина, друго нешто што - по мое, е глупо изведено, е самиот менувач, во делот за промена на уљето.
Да, lifetime е, не треба да се менува, ама сепак мислам дека една нормална штопна би било сасвим ОК, наместо капак. А има можност да се изведе такво нешто, не дека нема...

Баш си е конусно изведен капакот, со убав пад. Штопна со 3-4 навои и чао. Вака, дихтунг ќе менувам, не знам што... Па кога шлисна уље на сите страни, кога падна капакот.. Симптоматично.
При рутински преглед, ме израдува мајсторот - задните амортизери почнуваат да потекуваат. Ќе ги менувам валјда нареден месец, иако не сум почувствувал некоја разлика во возењето. До душа, и мнооогу малку возам.
Ми препорача Sachs. Ќе видам како ќе биде.