Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178643 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #375 на: 23 Февруари 2014, 20:54:03 pm »
Ептен отепана оваа Класиков бе, дури и звучници назад немала  :P ;D

Инаку во задните врати се 13цм звучниците и горе има простор за мали високотонци.  ;)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #376 на: 23 Февруари 2014, 21:41:54 pm »
Ќути.. Сиромаштија.

Знам, читав негде, напред 17, назад 13 цм. И за напред има простор за високотонци, пред ретровизорите.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #377 на: 23 Февруари 2014, 23:48:24 pm »
И високотонци ли нема напред?

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #378 на: 24 Февруари 2014, 02:19:04 am »
И тоа ако нема ептен осакатена !

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #379 на: 24 Февруари 2014, 08:02:03 am »
Нема.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #380 на: 24 Февруари 2014, 23:46:00 pm »
Партали !

:)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #381 на: 24 Февруари 2014, 23:51:44 pm »
Штедња  :)....

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #382 на: 24 Февруари 2014, 23:58:26 pm »
Најверојатно што им останало, тоа ставиле во последниве серии... хаха ;D
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #383 на: 06 Март 2014, 14:58:33 pm »
Конечно, му дојде редот на акумулаторот.. Немање време, упм.

Фабричкиот, тераше 6 години и ~46.000 километри. Откажа без никаква најава, макар што сега некако многу посамоуверено ми пали колата со новиов, онака, цврсто, стабилно.

Заменет со Exide Classic EC550, земен од локален дилер на "Батери Еволушн" - Скопје, за 3.400 денари, што мислам дека е bargain. Стариот би го шитнал некаде 500-600 денари, и ќе излезе овој нецели 3.000-ки. Супер, само да се погоди, бар 3 години, вака, од тепка.

Немав проблем со димензиите, односно што овој беше повисок од фабричкиот.

Документирано, фотографирано..

Стариот.



Го извадив, прво минусот го откачив, па плусот, а во корпата што стои самиот акумулатор, кило песок и други триста лајна.



Ја извадив и корпата - стои на три штрафа, има еден метален држач за црево на него, и стега за некои жици, што се вадат. Ја измив добро и ја заштитив со Sonax Mos2 Oil Nano Pro..



Ги изчистив добро клемите со крпа (макар што беа кристално чисти), и нив ги прснав со Сонаксот, кој е мултинаменско средство, а врши работа и како контакт спреј. Го ставив новиот, во обратен редослед од стариот - прво плусот, па минусот.





Добра прилика да се види колку се валка моторот, за неполни 7 месеци..





Да не помине се така глатко, се погрижи електриката на стаклата. Палам, супер запали, морам да кажам, тргнувам, стискам дугмето за да отворам џам - задржувам, пуштам, и стаклото останува таму каде што сум го испуштил копчето. Претходно, задржувам секунда-две, и се отвора и затвора целосно. Исто и на левиот, и на десниот џам.

Пробам исто, кога ја заклучувам колата со клучот во бравата, не преку далечинското, со мало задржување на клучот во десно, колата се заклучува и се затвораат џамовите, доколку се отворени. Пробам сега, по замената - и тоа не работи.

Малку пцуење и нервоза, и се фатив за работа. Пак го откачив акумулаторот, па го приклучив, викам да пробам "ресет". Не упали.

Осигурачите - дури три има за електриката на прозорите, и два за централното. Проверени сите - се е во ред со нив.

Ги извадив копчињата за џамовите, ги "продував" конекторите, пак ги приклучив - пак ништо.

Пробав и со пресинхронизација на клучот - се дава контакт, се притиска некое од копчињата за заклучување или отклучување на далечинското, колата се заклучува и се отклучува во знак дека синхронизацијата е завршена. Не упали ни ова.

Пцуејќи, работеше колата, затворени џамовите, од нервоза - два пати (како двоклик) притиснав на копчето за левиот џам, го отворам - си работи најнормално. Го правам истото и на десниот - исто, проработе. Пробам и со клучот да ги затворам - работи и тоа.

Blind luck, али добро е. Може ќе му се најде на некој, или на мене, за нареден пат.

Тоа е тоа. Me likes.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #384 на: 06 Март 2014, 15:29:50 pm »
Ајде да ти помогнам малку околу автоматското отварање и затварање на прозорите со еден клик на дугмето... Изгасни ја колата без контакт, задржи го дугмето за затварање, дај контакт, почекај 5 секунди и изгасни контактот... повтори ја оваа процедура за секој прозор ;) да си знаеш за друг пат кога ке вадиш акумулатор дека ке ти се деактивира таа опција па да знаеш како да си ја активираш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #385 на: 06 Март 2014, 15:33:06 pm »
ОК е сега, си работат. Ќе го имам во предвид за друг пат.

Фала ти.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #386 на: 06 Март 2014, 15:36:16 pm »
Diesel koga go ispraa motorot vo perfect wash, zastitija nesto so najlon/kese ili direktno perea so vap, ili so parocistac, ili so nesto drugo?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #387 на: 06 Март 2014, 16:20:23 pm »
Кога го переа таму, ништо - само со вапот, ама, ако не се лажам, со топла вода. Тоа беше пред две години.

Последниот пат - во август 2013-та, сам си го перев, исто со вап, но со ладна вода. Не заштитив ништо, иако е препорачливо да се заштитат акумулаторот, алтернаторот и казанчето за глицерин.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #388 на: 06 Март 2014, 16:21:48 pm »
I nisto maka ne si imal do sega od perenjeto?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #389 на: 06 Март 2014, 16:22:01 pm »
ништо не мора да се заштитува на нова кола,освен ако не планираш 1 саат да прскаш со вапот