Добра е темава, но мислам дека треба малку да се обрне внимание и на одржувањето на акумулатори. Сега сигурно некој од вас ќе рече дека новиве се maintenance free и дека не треба да се одржуваат, но не е баш така. Тоа што се maintenance free значи дека во нив не треба да се дотура дестилирана вода и да се контролира количеството на истата, но кај секој акумулатор треба постојано да се проверува напонот и да се одржува на одредено ниво!
Од пред некое време имав проблем со системот за палење, па добро се заинтересирав со проблематиката околку акумулаторите и открив многу интересни работи.
Како што веќе некој имаше пишано, нов акумулатор има напон од 12.7V, односно околку 2.11V по келија. Празен акумулатор веќе се смета тој кој што има напон под 11.9V. Најлошото нешто што може да му се случи на еден акумулатор е тоа да остане без струја, односно да падне напонот под 11.5V кога возилото е во мирување и ако таквиот акумулатор не биде ставен на полнење повеќе од 24 часа! Во тој случај се ствара голем хемиски процес во самиот акумулатор што доаѓа до сулфуризација помеѓу келиите, така што со ова всушност се ствара изолација помеѓу келиите. Таквиот акумулатор веќе не е во состојба да ја држи струјата како што треба! Затоа некои луѓе мислат дека акумулатор што бил испразнет подолго време ќе го наполнат и ќе им трае. Да, можеби во моментот ќе го наполнат и ќе го стартуваат возилото, но тој струјата ќе ја држи многу кратко и пак ќе падне напонот.
Исто така, ако при стартување на возилото, напонот падне под 9V моментално, акумулаторот веќе е при крај и не е во состојба да држи струја.
Од повеќето места што сум можел да прочитам и да поразговарам со искусни луѓе од оваа област, се препорачува повремено полење на акумулаторите со полнач, односно на 3-6 месеци еднаш. Со тоа драстично му се продолжува векот на акумулаторот, бидејќи истиот добива свежа струја. Овој совет го даваат луѓе што користат акумулатор повеќе од 10 години.
Ваквото одржување е потребно затоа што при секое палење нагло се повлекува многу стуја од акумулаторот, па алтернаторот не е во состојба за краток период да надополни со стуја, така што ние всушност со кратките возења (обично во град) повеќе трошиме отколку што надополнуваме. Алтернаторот потребно е да полни до максимум 14.7V, но не и повеќе! Повисокиот напон може да го уништи акумулаторот. Исто така полнењето не треба да биде под 13.8V со сите вклучени потрошувачи во возилото.
Полнењето со полнач треба да биде со мала ампеража, односно околу 3-5A за затворените акумулатори и може нешто појака ампеража за отворените системи (до 10A).
Се надевам дека ова се корисни совети што ќе помогнат да ни потраат акумулаторите подолго време.