Уххх, незнам од кај да почнам, а ме мрзи да куцам

Како прво предвиден е за Старт-Стоп системи, што значи дека денес најмалку 100 пати ќе треба да го стартуваат возилото. Кога возите на кратки релации, акумулаторот едноставно нема време да се дополни - особено во зима.
Цената е цирка 20-тина евра повисока од Премиум класата на Exide, гаранцијата е една година повеќе, а кај стандардни коли како мојата (теоретски) треба да „тера“ 9 години

Нека биде ОК 6 години, јас ќе бидам пресреќен
Денес баш го возев 30-тина км откако го монтирав и гледам (имам можност на борд компјутерот) дека многу поинаку се понаша од стандарниот (не се празни ни 0.1V оптоварен со потрошачи, а се дополнува брзо 0.2V после 1 км возење).
ОК, познат сум по тоа што обожавам да експериментирам, поготово со уљата и адитивите, ама решив да го искусам и полето на електриката, што ми е и струка у ствари

Да видиме како и колку ќе трае овој акумулатор на стандардно возило, нема што да изгубам со оглед на тоа што разликата во цена со стандардниот не е голема.
EXIDE е фирма која сум ја обожавал од мал, исто како и Denso, Landi Renzo, K&N, LM... незнам, нешто во мене повторно се разбуди...
