Вака, пошто и брат ми има иста Астра како мојата само ГТЦ, а акумулаторот ГМ му е скоро готов - ќе му го дадам мојот EXIDE 60Аh Премиум, а јас ќе си купам нов EXIDE акумулатор една класа подобар Старт - Стоп систем, кој на „обично“ возило како моето би требало да трае подолго, ионака релациите ми се прекратки... Мислам дека гаранцијата за тој акумулатор е 3 години (или повеќе), цената е нешто повисока, нормално, а треба да пристигнат после Божиќ колку сум информиран. Таман ќе има и специјални полначи од EXIDE со незнам какви модови, па ќе земам и еден таков да се најде - ипак имам две коли, а набрзо ќе ми треба и трета ...