Според моине сваќања акумулатор со поголем капацитет и ампеража подолго траат според следнава логика- ако акумулаторот е 45 аh 210 ампери, под предпоставка дека возилото влечи 200 ампери при верглање, акумулаторот ќе биде скоро 100% оптеретен додека вергла, па животниот век ќе му биде краток. Ако акумилаторот е 45ah а максималната струја 400 ампери, на истото возило, акумулаторот ќе се оптовари со половина од својот максимум, па би требало подолго да трае. Исто така полесно(побрзо) би го запалил возилото. Патем како што знам максималната ампеража и капацитетот не се нешто посебно поврзани- дома имам баш таков акумулатор како во првиот пример -45ah 210A и 14ah 230А ... па не гледам некоја логика... Помалиот (14ah) е наменет за чопер, додека (кога беше стариот акумулатор дефект) поголемиот (45ah, наменет за кола) не можеше да ни да го завергла какао што треба чоперот, едино двата да се врзани и свежо наполнати (кола верглаше успешно)