Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
141 (42%)
Black Horse
32 (9.5%)
Vesna
23 (6.8%)
Topla
64 (19%)
било кој...
76 (22.6%)

Вкупно гласови: 335

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 977215 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5407
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3885 на: 21 Октомври 2026, 15:35:16 pm »
Реално, којзнае какви потрошувачи (и со колкава потрошувачка) има во возилото... За да се деси во гарантен период 3 акумулатори да рикнат (и тоа AGM). Па и најсрање квалитет да се (а да бидеме искрени, јес да се извикани ексајд ама не се најсрање).

Јас прво тоа би го проверил. Потрошувачката.

Не го исклучуваш старт стоп? Не можам да замислам дека има нешто (feature) во ауто што би можел повеќе да не изнервира од тоа (и ок, исто и од „асистирано возење“)

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7170
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3886 на: 21 Октомври 2026, 15:43:18 pm »
Не постои старт стоп на возилото - Mercedes W164 ML320 CDI 4MATIC 2005/2006.
Има огромна потрошувачка во мирување (мерено и на друг модел), мало бекап акумулаторче нема (“немало фабрички”, а по каталог по број на шасија го покажува), ама тоа е кога не е кај мене да си го средам сам, на “монтериве” треба да им “диктираш”.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10630
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3887 на: 21 Октомври 2026, 15:54:30 pm »
Реално, којзнае какви потрошувачи (и со колкава потрошувачка) има во возилото... За да се деси во гарантен период 3 акумулатори да рикнат (и тоа AGM). Па и најсрање квалитет да се (а да бидеме искрени, јес да се извикани ексајд ама не се најсрање).

Јас прво тоа би го проверил. Потрошувачката.

Не го исклучуваш старт стоп? Не можам да замислам дека има нешто (feature) во ауто што би можел повеќе да не изнервира од тоа (и ок, исто и од „асистирано возење“)
Спалија стотици рафинерии, танкери, и што ти не, но најбитен е стартстопот во борбата против климатските промени.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5407
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3888 на: 21 Октомври 2026, 16:03:39 pm »
Спалија стотици рафинерии, танкери, и што ти не, но најбитен е стартстопот во борбата против климатските промени.


Посебно во Скопјево каде споредено со другите загадувачи - загадувањето од аута е споредно накај незначително (вклучително и локомотивите кои лагано поминуваат технички).

Во моментов екологија не е на дневен ред. Ама сите стари правила за „екологија“ сеуште важат. :)
Инаку моментално веројатно повеќе нафта има на површината од Персиски залив и Арапско море, отколку во танкери за пренесување... И тоа е многу еколошки потег.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1998
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3889 на: 25 Октомври 2026, 14:08:20 pm »
Предлог за акумулатор за Mazda 3 Skyactiv-D 2.2 2018?

Моментално има обичен Varta Blue Dynamic 95Ah 830A, кој после 3 години и 1 месец почна да покажува слабост при палење. За жал при замената не бил ресетиран компјутерот. Претежно колата е возена со start/stop изгасен, а сега ќе го препрограмирам и трајно ќе го исклучам. Генерално старт/стоп бара EFB, но понатака со исклучен start/stop незнам колку ќе има потреба.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7313
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3890 на: 25 Октомври 2026, 14:29:50 pm »
Земете си тестер за акумулатори ги има на тему, ги местиш потоа сетинзите согласно акумулаторот, колку амперчасови е, напон, ударна струја и каков тип е, и ти кажува каква му е состојбата.

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7170
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3891 на: 25 Октомври 2026, 20:34:43 pm »
Предлог за акумулатор за Mazda 3 Skyactiv-D 2.2 2018?

Моментално има обичен Varta Blue Dynamic 95Ah 830A, кој после 3 години и 1 месец почна да покажува слабост при палење. За жал при замената не бил ресетиран компјутерот. Претежно колата е возена со start/stop изгасен, а сега ќе го препрограмирам и трајно ќе го исклучам. Генерално старт/стоп бара EFB, но понатака со исклучен start/stop незнам колку ќе има потреба.
Exide EL954

По некои каталози го вади фабрички Yuasa 80Ah. Имаш ли вин број да ѕирнам во каталог?

Едит: За седан верзијата (фејслифт 2018) со 2.2 дизел мотор и мануелен менувач е ОЕМ број SH02-18-520B, во опис пишува T-110 GS YUASA. Во превод тоа е моделот YBX7335 (80Ah 780A EFB).
« Последно менување: 25 Октомври 2026, 20:54:33 pm nestor04 »