Ван, демек овие новиве полнаќи имаат и таква опција, ама се колку еден акумулатор. Инаку преполнување до 15,7в ќе го десулфатизира, ама со ептен мала струја, т.е. мала е границата да го десулфатизираш и да го заебеш А има и такви полначи, ама се диу... може и на ибеј да има...
Најдов некои интересни муабети и diy склопки кои десулфатизираат преку генерирање пулсови (дома ми се линковите), а од друга страна
на јутјуб во некои видеа некои ликови велат дека со преполнување долго време (некогаш и цел месец) со прост олд скул полнач може да донесе резултати. Се гледа колку ампери влече полнењето.
Не дека е изгледно дека ќе се добијат резултати и дека е исплатливо потрошеното време - ама ете интересно е, и на следнови менување наместо „попуст“ од 300-500 денари сакам да го задржам и потоа да го потсредам сегашниов акумулатор за аудио проекти. Прво ќе погледам да најдам како се отвара Ексајдов, да ги проверам електролитите, можеби треба малку дестилирана вода да се достави... Ако некој знае како се отвара Ексајд акумулатор - секој совет е добредојден.
Но како и да е извесно е дека наскоро ќе треба да се менува акумулаторот. Наутро почна секунда-две подолго да вергла колава на палење. Земав го наполнив фул, по неколку дена мирување пак мерам напон - малку под 12.4 волти паднал. Не е добро, еве го работи сега за сега, ама му се гледа крајот. Треба да си набавам мерач за капацитет, корисни се.
Инаку точно 4 години и некој ден го користам акумулаторов. Реално го мачам, пошто не се вози секој ден, се прават паузи од неколку денови, и често се возат кратки релации. Но сепак пазам одвреме на време да го проверам напонот (и да го дополнам кога ќе падне), и на крај после толку фалење сепак очекував подолг работен век од акумулаторов. Пошто нели, Ексајд Премиум, Карбон буст, ти реков ми рече...
Следен акумулатор не сум одлучил што бренд ќе биде, но Ексајд дефинитивно нема да биде. За сега Топла е најверојатна, не за друго туку пошто е од најевтините и најдов познат за пониски цени. Не би платил пак премиум за познат бренд, некако не само моево туку и другите искуства овде не се баш добри. А не дека како опција не се мислам и за Дурацел.
Би било паметно за следниов акумулатор да се смисли некоја шема со резидентен полнач под стреата, за trickle полнење кога не се вози колата. Само треба некој приклучок со водоотпорен конектор за надвор, или некако од внатре па низ малку подотворен прозор. Ова е само идеја, треба да истражам на нет. Сигурно некој веќе се занимавал со ова.