Денеска го заменив фабричкиот акумулатор, на возило Q3 кој кој издржа 5 години. Иако во функција, и палеше, бордот покажа ерор на батеријата, и престана да работи старт/стоп. Не сакав да дочекувам некое ладно утро па тогаш да се занимавам со проблеми.
Во 2 наврати претходно, кога покажуваше знаци на проблем - добиваше по едно рефреш полнење со C-tek полнач.
Одлуката овој пат падна на Duracell поради пристојната цена со клаберски попуст. Не сакав да чујам за Varta, поради досегашното негативно искуство, а цената на Bosch беше налудничава
Во сервисот на Ниџо направена беше дијагностика на батеријата и утврден беше значително намалување на перформансите што извесно го покажаа и инструментите со кои располагаат.
Се изненадив пријатно од услужноста и професионалноста па одлучив да ги пофалам тука. Сликанв и некоја слика.
Во постапката после детекцијата на стариот акумулатор, следеше поврзување на бајпас акумулатор преку ОБД портот, и после тоа монтажа на нов соодветен за возилото, и постапката за „учење“ на колата на новиот.