Дечки,
Ми треба препорака за нов акумулатор во возилото: Peugeot 306, 1360ccm, 75ks, 1993 година.
Претходно имав Варта која траеше 15 години. Ја заменив со Варта во 2008 година која траеше до денес (10,5 години). Да кажам дека оваа втората Варта двапати ја испразнив до крај во 2011 и 2012 година заради некористење на возилото.
Варта на нивната веб страна препорачува Blue Dynamic 552 400 047. Продавачи во МК се наведени Макпетрол и Скорпион СГ. Во Макпетрол (на нивна бензинска станица) викаат дека Варта лаже и дека они не продаваат нивни акумулатори, а овие Скорпион СГ не ги пронајдов физички каде се лоцирани. Телефонски не стапив во контакт со нив.
Вакви акумулатори видов во неклку дуќанчиња во градов, ама продавачите немаат доволно информации за производот што го продаваат.
Ексиде ми се врти како алтернатива доколку не пронајдам Варта акумулатор. Нивната веб страна препорачува Exide EA530, Starter Battery PREMIUM. На веб страната на Ексиде нема продавач во Македонија, меѓутоа има веб страна exide.mk регистриран од Батери еволушн.
Идејата ми е да купам акумулатор и да заборавам дека постои. Да не се занимавам со него. На стара кола имам со што да се занимавам.
Од вкупно 142 страни од оваа теме на форумов ги прочитав првите неколку и последните неколку. Можеби погрешив што не им обрнав доволно внимание на сите, можеби ќе добиев повеќе информации.
Можете ли да ми дадете препорака, базирана на свое искуство, првенствено од продавачите лоцирани на форумов,
@andzelo @nidzzo ? Зошто да се набави производ од нивниот бренд (технички поткрепено) и каква е реалната споредба со ова што претходно сум го имал и се покажало како квалитетно?
Не сум чекич, се разбирам по нешто од техничките карактеристики, така да, можат слободно да распалат со техничката поткрепа.
Поракава не е само до наведените лица, доколку на форумов има и други продавачи, вољен сум да го слушнам и нивното мислење.