направив неколку прецизирања во претходниот коментар...за да бидам појасен.
------------------------------
ќе се обидам да сумирам... она што беше кажано овде и што е прочитано и осознаено досега:
- акумулаторите, за да бидат пуштени во продажба, претходно мора да бидат исполнети сите услови за тоа.
- да бидат произведени согласно пропишаните стандарди...и да бидат прописно одржувани и чувани се до моментот на продажба.
- назнаките и се друго напишано на самиот акумулатор (тип, карактеристики, итн) мора да одговараат на вистинските
- мора да биде чуван на соодветно пропишани услови за температура (до 20 степени), влажност, во вертикална положба итн
- ако поминало повеќе од 4 (до макс. 8 ) недели од датумот на производство, акумулаторот од страна на увозникот мора да се провери во каква состојба е...и доколку напонот е паднат испод 12,52 волти, задолжително да биде дополнет до 12,7 волти, на професионална опрема, пропишана од производителот.
- понатаму, на секои 4 до 8 недели (зависно од условите во кои се чува акумулаторот) горната проверка и дополнување мора да се повторува...се до продажбата.
- тоа значи дека увозникот во овие рокови има обврска да ги проверува сите акумулатори кои стојат непродадени во продавниците...да види во какви услови се чуваат и да изврши контрола на напонот...и доколку е паднат испод 12,52 волти, да ги повлече во сервис за дополнување...па потоа повторно да ги пушти во продажба.
- максимум време кое може да биде стар акумулаторот пред продажба е 6 месеци, но под услов да бил чуван и дополнуван (како погоре) согласно инструкциите кои ги дава Exide на дилерите/увозниците.
- значи, несмее да биде пуштен во продажба акумулатор кој е постар од 4 (макс. 8 ) недели , доколку нема евиденција дека е уредно и прописно чуван и одржуван.
- несмее да биде пуштен во продажба акумулатор кој е постар од 6 месеци, дури и да има евиденција дека е соодветно одржуван и чуван.
- согласно важечките прописи и кај нас...тој што ќе пушти во продажба производ кој не ги исполнува потребните услови...прави казниво дело и ќе сноси одговорност за тоа.
- за акумулатор кој не ги исполнува условите да биде пуштен во продажба...не смее ниту да се издава било каква гаранција....со тоа се прави уште едно казниво дело...со кое купувачот се измамува и се доведува во заблуда... и му се продава неисправен производ, кој не ги исполнува потребните услови и кој како таков несмее да биде пуштен во продажба.
- во две продавници во скопје, ми рекоа дека сегашниот увозник на Exide, по преземањето на бизнисот од кумановската фирма... не ги признавал гаранциите за акумулаторите, кои во моментот на продажба биле постари од 6 месеци. Ова го изјави и
@andzelo, овде на форумов... дека повеќе од 6 месеци во никој случај не дозволува да седи акумулатор на залиха.
горните услови за чување и одржување на акумулаторите се дадени од производителот Exide.