Па да ама првично го измерив само што го уклучив, даваше 16.7.
После саат ипол на скоро 16.9 даваше, така да не спаднал после 10 минути туку и се покачил.
Како год супер верглаше денес.
Да, се тоа супер но 16.7 е исто како да го ставиш гравот дома на 9ка да се вари, да тој ќе се свари брзо но на што ќе личи.
Акумулаторот мора да прими струја помала од 16.7V, да точно е дека на почетокот знае да "повлече" повеќе струја а потоа да ја изрегулира, затоа се бара полнач со автоматска регулација или како постарите со мануелна регулација.
Проблемот е во тоа што преголемата струја на полнење ќе го расипе, т.е преформира т.е растури внатре, ќе ја одлепи активната маса од плочите и ќе резултира со послаба работа и на крај нели откажување тотално, каквo искуство имал
@BicikleНикогаш не треба да се става акум. на така кажано "брзо" полнење.....освен нели ако ситуацијата е хитна и мора.
Полначите кои се со поефтина цена не секогаш и ги даваат резулатите кои се напишани како инфо на нив, сме мереле 10тици и ниту еден не ги даде податоците.
Повторно наш предлог е да се купи нешто поквалитетно, сепак не се купува секој месец, еден купен полнач може и 20 години да трае.
Bosch C3 според мене е одличен избор за цена од 4300,00 ден.
И повторно ќе напоменеме, сите кои се поблиску до нашиот централен сервис и нормално ни се другарчиња од форумот можат слободно да донесат акумулатор кај нас и да го наполниме бесплатно.