На сред возење само што тргнав од работа накај дома, ми рикна алтернаторот, светна сијаличката за акумулатор. Среќа немаше гужви па до дома за 10тина минути стигнав со што е можно пониски вртежи бидејки на повисоки светеше јако, додека на ниски жареше. Среќа имам друг алтернатор резервен одма го упасирав ама и акумулаторот го стаив на полнач.
Е сеа полначот ми е home made со некое си трафо. Веќе 1 час ми е на полначч и со мултиметер го измерив, полни со 16.7 волти.
Опасен ли е тој напон за акумулаторот ?
Акумулаторот е АФА 56Аh затворен тип, стар 2 години.