@Tommy
Aко ме прашуваш мене земи си Варта
п.с. Ова ко Звезда вс Партизан ке испадне ...
ЛоЛ,
Или Канон вс Никон
Не сум го видел мислењево.
На голфот имав Варта, фабрички акумулатор, и цепаше точно 5 години, си го имаше датумот кога излегол со кола од фабрика.
Сакав ист таков да земам затоа што бев задоволен со стариот, и периодот на издржливост, но не најдов никаде низ Куманово, и од повеќе продавачи бев советуван дека Варта кај нас се со сомнителен квалитет.
Седнав на нет да прочекам дали тоа што го зборат е вистина, и некако потрагата ми отиде од сомнителноста на Варта, накај фалење на Ексид од корисници.
Прочитав доста позитивни мислења за нив и зедов Ексид како замена за Варта, пошто итно ми требаше кола, и не можев да си дозволам да скитам низ Скопје барајки Варта и до сега сум презадоволен.
Во меѓувреме, го решив проблемот со акумулаторот, не било до него, ми црпело струја камерчето за паркинг и дисплејот.
Така да, ке почека изборот на нов акумулатор, а изборот ке се сведе на тие 2 бренда.