Eve edno video https://www.youtube.com/watch?v=LVgHrearagY od neshto najnovo microprocesorski kontrolirano AGM osposoben polnach za akumulatori.
35 ампери во паметен полнач?
Импресивно но да, вие таму работите и со камионски акумулатори со големи бројки ампер часови.
Овој Accucharger Pro 35A ви е само за интерна употреба или ги имате и на продажба?
Претпоставувам помаливе акумулатори ги полни на помала струја. Интересни спецификации има тој Accucharger Pro 35A, на пример ми се допаѓа што има можност за форсирање 16V. На рускиве форуми (они се некако повеќе заинтересирани за моменти со полнење на акмулаториве, што не е чудно со нивните зими), па и на други места ама претежно по рускиве форуми кажуваат за Ca акумулаторите (какви се повеќето што денес се во употреба) дека чат пат е добро пар часови да се полнат на 16V за да specific gravity на електролитот се донесе над 1.27. Инаку нели за сите оловни акумулатори без разлика на видот на електролитот, специфичната тежина на електролитот во целосно наполнета ќелија треба да биде од 1.280 до 1.300.
Ова ме става малку во мисли, пошто технологијата на хемијата на акумулаторите напредува и се менува (полека ама сепак) и излегува дека алтернаторите ако полнат максимално до ~14.8V (мојот максимално на 14.4V) и практично не можат 100% да ги наполнат акумулаторите, што влијае на долговечноста на истиве (сулфатизација, итн). Од друга страна па и постојано полнење на 16V секако ќе биде штетно, посебно летно време, заради испарување на електролитот (и посебно во акумулатори каде не може да се надополнува)... Инаку ова се само мои размислувања, веројатно треба повеќе да се истражи. Кој има некои размислувања/сознанија за ова би било интересно да се слушнат.
Инаку, за CTEK полначите: ОК се секако. Но за мене се прескапи, и многу се плаќа за името на брендот. За не толку повеќе пари попрво би го земал Кулон 912 кој е неколку класи подобар полнач од малите CTEK, и со неспоредливо повеќе можности за одржување на акумулатори.
Како што спомнав CTEK полначот од колегата прилично многу се грее, и на јутјуб има подоста видеа за расипани CTEK полначи (може секој да провери). Ова за некој што 2 пати годишно го користи полначот тоа веројатно не би бил голем проблем, но за ентузијасти, кои сакаат и на роднини/комшии/колеги да им помагаат, CTEK полнач веројатно не би доживеал долг работен век.
Погоре спомнатиот FOXSUR иако сомнително евтин (
окулу 17-19 долари од Банг Гуд), го имам од лани зимата и се покажа како одличен полнач. Електрониката е солидно направена и ладењето е многу подобро решено од CTEK, се разбира на сметка на тоа што FOXSUR е физички поголем - ама на кој реално му е толку гајле за тоа?
Има ограничувања да, тој FOXSUR полни со максимални 6 ампери и претежно е наменет
за дополнување, и многу испразнети акумулатори не може за кратко време да ги наполни. Но ако сакаме акумулаторите да ни бидат во добра состојба секако треба почесто да ги дополнуваме, за што е доволно (и подобро) поспоро полнење со помалку ампери. Плус има и мод на работа за десулфатизација (пулсно полнење на мала снага). Русиве полначов го користат со нормално смарт полнење за да ја донесат specific gravity на електролитот се донесе на ~1.25-1.26 а потоа со пулсно полнење неколку часови над 1.27 specific gravity со што акумулаторот е блиску до 100% наполнет.
Еве видео со анализа на електрониката внатре во FOXSUR полначот (од 10:20 почнува):