Помеѓу 77 и 75 реално разликата е минимална. Еxide-от во таа димензија и технологија е деклариран на 77Ач, тој другиот е деклариран 75Ач.
Можеби порано друже но сега со поновите возила ни малку е минимална,
Exide Premium Carbon 77Ah со 760 А стартна моќ се разликува доста од обичен 75Аh so 650A cca.
Светски потврдено е дека кај поновата генерација автомобили(над 2008год) најважен момент е стартната моќ(A cca-cold cranking ampers) i самата технологија внатре во акумулаторот пример обичен, Carbon, Agm, Gel... а не амперажата - Ah.Тоа е првото палење или моќ при стартување која на возило кое е со моќен мотор и опрема е задолжителна за да издржи акумулаторот 3,4 па и 7,8 години.Тука е проблемот кога некој со автомобил со над 2000 кубика и фул опрема ќе купи некој акумулатор со 650А и технологија за пред 20 години кога немало ни серво не па ксенон или гпс и за година макс 2 отиде во отпад.
Затоа светските компании или барем они што работат за Bmw,Vw,Audi ... ги усовршуваат на 2 години бидејки мора да ги следат барањата на автомобилските производители.
Пример и од Exide има :
Exide Classic 70Ah 650A
Exide Excell 74 Ah 680A
Exide Premium Carbon 72 Ah 720 A
Exide Premium Carbon 77Ah 760 A
Exide Agm Star-Stop 70 Ah 760 A (гаранција 40 месеци)
Сите си имат своја намена зависно од моделот, годината, кубикажата, KW опремата внатре особено за поновите модели, дизел/бензин, старт-стоп погон......
Се надевам дека ќе му користи на некој ова, а поздрав до тебе друже !