Ај да бидат појасни работите.Со воведувањето на електронските-процесорски контролни единици со дополнителна надворешна меморија, стана јасно дека многу операции и уреди во автомобилската индустрија ќе добијат свој софистициран развој.Во развојот на тие софтвери-мапи за работата учествуваа за во тоа време, ретки стручни лица од областа на хардверот и софтверот.При создавање на еден софтвер за одреден мотор, се праван многу модели од кој на крајот соодветен тим на стручњаци дава изим за употреба на истиот.При тоа одлучување ,тој софтвер треба да задоволи многу законски норми на загадување како и да ги земе во предвид различните климатски услови за да на крајот се избере еден, кој ќе работи задоволително на сите географски ширини и должини.При создавањето на тие модели се испитуваат и други кои даваат поголеми можности од просекот но најчесто не се земаат како финална верзија од многу причини.Една од нив е да секоја година се исфрла подобрен модел на мотор, кој всушност е истиот но со подобри карактеристии.Овој момент е многу битен од маркетиншки аспект.
Но се случи ,што е нормално, една група на мајстори за изработка на ваков софтвер да ги свати овие можности и се појавуваат првите фирми за чиптјунинг.Во првиот момент, истите беа напаѓани од фирмите кои произведуваат автомобили, но подоцна истите сватија дека залудно ја трошат енергијата и истите се влучија во нудење на изработка на ремапи, а исто така сватија дека заалудно ја трошат енергијата а и парите, па решија да се вклучат во поделбата на колачот што оваа дејност ја нуди.
Меѓутоа оваа дејност е скапа, прво по опремата, второ по апликативните софтвери што требаат, висината на парите за профи тјунинг, зафаќа десетици иљади евра. За една фирма производител на автомобили ова е ситница, но за обични смртници е доста висока.Пред 10години ме контактираше итаљанска фирма за тјуниг, ми нудеше опрема, обука и подршка и за сето тоа бараше 40000 евра, без царина и ддв.
Во ова кинеските компании видоа добар бизнис па бидеќи не се потписници на ниедна конвенција за заштита на интелектуален и секаков друг труд, почнаа со копирање на многу познати уреди и софтвери од оваа област, во прво време со половина од цената на уредите, за подоцна да се спуштат на смешни суми.Дел од тие уреди работаат, дел не работат.Тие што работаат не се 100% апликативни.Може да се користат, но треба да се знае каде.Секое слепо вреување на уредот, може да доведе до блокада на ЕКУ-то кое ако имаш среќа некој повичен ќе ти го спаси, ама ќе те чини повеќе од парите што требало да ги заработиш,а некои ни горнион не ги враќа...и тоа чини многу.Конкретно јас имам некои такви кинески апаратчиња и сум ги користел само кај опел возилата, бидеќи имам оригинален тестер и подршка и во 99% од случаите можам блокираното ЕКУ да го вратам во живот.При екпериментирање со овие уредчиња многу често ми се случувале вакви работи и знам каде можам да ги употребам а каде не.
Може со оваа работа да се зафатиш и како слејв извршител,за одредена профи фирма,колачето е помало но сигурноста е многу голема.
Од досегашното искуство како слејв, и ремапите што ги имам инсталирано,премногу сум задоволен и не само јас туку и сопствениците на возилата.Има коли кои скоро три години се возат без никакви последици, а со големо задоволство и уживање како со перформансите така и со потрошувачката..