Автор Тема: Прашање за ремап  (Прочитано 15838 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #45 на: 05 Јануари 2013, 01:43:39 am »
Единствено може турбото малце да трпи, ама со ремап кој не е форсиран како кај маршер тешко да има нешто оштетување.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #46 на: 05 Јануари 2013, 01:48:21 am »
Дени

Значи 99% од произведувачите се неписмени да направат ремап и да го понудат дополнително и при тоа да се задржи гаранцијата.

Значи разликите се во деловите (колку по моќен повеќе кс, толку поквалитетна изработка на деловите да ги издржат напрегањата на моторот, менувачот) на ист, идентичен мотор, турбо.

Се дискутираше за ова во некоја тема мислам беше за 1,4тси со 120 и 140кс и не беше во прашање само ремап.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #47 на: 05 Јануари 2013, 01:50:10 am »
Дриве-р

Не се неписмени. Туку се и повеќе од што треба писмени. И си нудат различни верзии на моторите и сси зимаат различни пари за тоа. А и како што напоменав нив над глава им висат еко норми кои мора да ги исполнат, потрошувачка која мора да ја исполнат...

Деловите се исти. Сигурно не сметаш дека би правеле различни делови за мотори со само 30-40кс разлика.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #48 на: 05 Јануари 2013, 01:55:22 am »
Пр. со ремап има големи шанси да ја прошлајфуваш ламелата?
 Треба поскапа поквалитетна  Нуме кажуваше, вакви такви не сум во тек.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #49 на: 05 Јануари 2013, 01:58:09 am »
Да ама нуме нема обичен ремап, туку поголема турбина + ремап.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #50 на: 05 Јануари 2013, 02:03:08 am »
Да се вратиме на почеток кај субарито?
Што ќе кажеш, познат ти е муабетот?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #51 на: 05 Јануари 2013, 02:11:18 am »
Немам искуство со таа конкретна кола. Имам со многу други. Никоја од нив немала проблем. Маршер ти објасни тоа што тој знае за тоа Субару.

Дали целава дискусија е за тоа едно Субару? Тоа ли го влеа сиот тој страв од ремап?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #52 на: 05 Јануари 2013, 03:19:44 am »
значи во фабрика се што се прави се прави за да трае,како што некој спомна претходно

ремап би правел ако сум сигурен дека колата е стварно во ред,а на увезена кола со "130.000" кај што не се знае нит кој јадел нит кој пиел не би се нафатил ремап да правам,имав една алфа јтд со 230-40.000 лапна ремап и почна да чури ко луда

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #53 на: 05 Јануари 2013, 03:22:00 am »
imam standard lamela... a benzincite voobicaeno stavaat od dizel lameli i menuvaci za da ne dojde do taa nesakana slucka ;) i da istrpi pogolem NM

smicka ako curela ne go bivalo cipot ...na borata cipot e od Svicarska kolku znam i go kostalo tipceto 400 evrona.... plati pa klati ;)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #54 на: 05 Јануари 2013, 03:46:51 am »
можно е

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #55 на: 05 Јануари 2013, 04:15:30 am »
Drive-R

Во врска твојот став дека нема чипови директно од произведувачот, мојот одговор е има. Мини нудеше чип за Cooper S, и се добиваше иста снага како бајаги поскапиот JCW модел. Само чип, без било што друго да смениш и секако гаранција си имаш на се од Мини/БМВ. Подобар пример дека квалитетно чипување е нормална работа нема.

Примерот со Субаруто само кажува дека има разлика од чипување до чипување. Ако некој Перо од што читал на интернет проба да ми ја чипува колата за 100 евра и ми рикне мотор, не значи дека чипот на Мини кој кошта 1000 евра исто ќе го заебе моторот, или чиповите на Рево за ФВ, или Evolve за БМВ итн...

Квалитетен чип за моето Мини кошта околу 700-800 евра, плус секој нареден ремап е мислам 100 евра. Ти си купил нов дел они ти праќаат нова мапа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #56 на: 05 Јануари 2013, 08:48:00 am »
За деловите и нивната издржливост.Специјалност ми е Опел и можам за него да зборувам затоа што ми се достапни многу информации, како фабрички програми, соработка со колеги од сите бивши ЈУ простори, меѓу нив и колеги кои сеуште се во овластени сервиси.Ќе ми одземе многу време за да направам една листа каде може да се види дека некои носечки делови во издржливоста на моторот се вградуваат кај мотори со различни силини.
Овде на форумов е доста експлоатиран C20LET моторот на Опел во многу работилници и проекти. Истиот мотор кој има фабрички 205кс, без никакви последици може да отиде до 300кс, за понатака постојат други делови кои се вградуваат. Скоро 100кс не е мала разлика.
За квалитетот на ремапот-зависи што се бара.Стандардно е да има зголемување на силата и моментот без чадења од ауспух.Да се направи тоа, бара големи познавања од работата на моторите со внатрешно согорување. Менувањето на само еден параметар , повлекува корекција и на многу други параметри.Едно е да набавиш кракиран програм за едитирање на мапите кој во оригиал чини минимум 5000 евра и за тие пари добиваш и обука за работа со него, друго е да го симнеш од интернет кракиран со сите багчиња и да застанеш на компјутер и да се занесуваш дека тоа изгледа многу лесно.Покачи овде гориво, зголеми притисок на турбина и си станал махер за тјунинг.Е таквите тјунинзи чадат и сјебуваат мотори.Или има на интернет преку 8 Гб тјунирани фајлови , симни ги и изигравај тјунер за 90 евра..
Имаме Ние  еден менталитет на „чепкачи“-што би рекле битолчани.Мислиме дека ако нешто видиме и се знаеме.Ќе купиш уред од Кина и ќе станеш главен тјунерџија и мајстор за дијагностика. За се, како и во секоја струка, бара многу знаење, учење и работа...и нормално талент...

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #57 на: 05 Јануари 2013, 12:22:45 pm »
Маршер имаш ли било какво искуство,си слушнал ли некој муабет од колеги од твојата струка,си прочитал ли нешто за ремап на 1.5 дци 106 или јас здравје боже ќе бидам првиот.
Читам по интернетов и гледам дека луѓево се задоволни ама сепак уште се мислам,многу би ми значело некоја проверена информација а не рекла казала муабети.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #58 на: 05 Јануари 2013, 13:14:13 pm »
Опа читам, и неможам да се изначудам...Добро бе луѓе, очекувате дека со еден ебан ремап ке добиете којзнае колкави преформанси на моторот..ОК..не дека не, ама ајде една компарација. Правите оверклок на компјутер од 2.4 на 3.0 GhZ работен такт на процесорот. И вие само ке го накачите работниот такт на 3.0 и мислите дека сте завршиле работа...? Многу гадно сее лажете..Оверклокот, како операција повлекува и ред други надоградби, почнувајки од напојување, ладење итн..а дури може да има и последници, како мрзнење на компјутерот, ресетирање, итн..Под правење на спортска кола, се подразбира, не само ставање на чип, туку и замена на фабричките stock делови, кои биле претходно вградени со нови "засилени" делови, некое клипче, итн..Ако сакате добра трунирана спортска кола, ке платите и ке клатите, како што кажа Маршер погоре...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашање за ремап
« Одговори #59 на: 05 Јануари 2013, 13:26:49 pm »
Ја би ти препорачал ако не се разбираш, да не скокаш толку. :)
Квалитетен ремап не е само покачување на буст на турбина (кај турбобензинци).
Покачување и на притисок на бризгалки, промена на fuel-to-air смеса и уште многу други параметри.
Кај 115 коњскиот 16V JTD, компонентите во моторот се ИСТИ и за 115, и за 150 коњските верзии.