Покрај повеќето видови на сметководство, најкористен вид на сметководство е двојното сметководство кое во еден сметководствен став евидентира две или повеќе промени во средствата и обврските. Тема на меѓународните сметководствени стандарди е која со која појава одговара и кои се причинско-последичните одсноси помеѓу двете (или повеќето промени) промени се со цел унифицирана евиденција на истите и споредливност на финансиските извештаи меѓу компании резитенти на различни држави.
Тоа во пракса значи кога ќе погледнеш биланс на состојба или биланс на успех на две фирми, едната базирана во Англија а другата во Италија или Јапонија или америка, тие биланси да дадат иста слика односно споредлива слика но со различни величини односно вредности. Ко на пример кога ќе сакаш да споредиш профитабилност помеѓу Астон Мартин и Ферари, земаш финансиски извештаи од двете фирми и знаеш дека се изготвени земајќи исти или слични принципи на изготвување а со тоа и реална слика која фирма остварила подобар финансиски резултат.
И Бугар, одговорот е ДА. Во Македонија се применуваат мељународните сметководствени стандарди. Она што не се спроведува е правилото дека управител на некоја компанија треба да биде личност обучена и лиценцирана за истото а не некој сељак од некое сељо, на кој после инспекциите му биле кривби, конкуренција го кодошела, партијата му била крива, инспекторот му барал мито.