Друже имам обука за меѓународни јавни сметководствени стандарди.. Може да аплицирам. И дали се работи од дома ...
Бугар, со прашањево ми кажуваш дека немаш поим што е тоа ERP софтвер. Може да аплицираш но со ниски шанси за успех.
И ручек дома дали носите??? Ве молам за инфо? 
Носиме, но само кај мене дома

Да имав завршено факс ќе се пријавев
Другите работи речиси ги познавам добро.
п.с. има нешто како тест на кандидати, да се пријавам за тест ?
... ако имаш муда да дојдеш кај мене на тест... шала на страна, потребна ми е личност со завршени обврски кон основното образование, тоест факлутетското образование. На тест можеш да дојдеш кога и да посакаш само да ме известиш ден-два однапред

Ај уште еднаш провери ја првата карактеристика што се бара 
Не гледам грешка тука. На пример, лани барав економист а во одсутство на економист во тимот одлично ми се вклопи правник.
Диплома може да ти бараат ако работиш во некоја држвна администрација, заради бодови и работна позиција. Во приватен сектор дипломата ти е = на 4-то одделение. Значи треба да знаеш азбука и таблица множење како најосновно. Ако те бива за работата, во тој случај ке имаш работа колку сакаш и преку глава...
Сосем точно. Но човек кој не се решил на високо образование нема доволно амбиции за работа на ова работно место.
по закон мораш да пишеш и основна плата 
Иако не морам еве ќе пишам. Платата ќе биде најмалку 22.000 за rookie до 30.000 за senior. Секако тоа е почетна плата.
Ниската граница на плата треба да е мотивирачка, но не превисока за да не се изгуби мотивот за повисока плата а не треба да е пониска поради фактот дека не се работи за шалабајзерска фирма со недефинирани принципи на работа и вреднување на трудот.
Еве малку појаснување за што станува збор. Секоја фирма врши одредена дејност. Законска обврска, а и морална и методолошка обрска е СЕКОЈА активност на фирмата која резултира со некоја промена на средствата или обрските, да се документира. Законската обрска за документирање на работата на компанијата произлегува од потребата на државата да наплати јавни приходи а и да се грижи за дисциплината и општото здравје на стопанството односно општеството. Затоа се предвидени минимум евиденциски методологии и инструменти со цел државата да ја оствари конкретната цел.
Од друга страна, бидејќи компаниите не работат за јавните приходи на државата туку за профит на своите сопственици, потребата од евиденција на промените на средствата и обврските во компанијата е главна активност преку која сопствениците и раководните лица носат деловни одлуки. Согласно методите кои ги користат сопствениците и раководните лица документирањето може да биде повеќе или помалку детално.
ERP софтверот е алатка која ги собира податоците од евидентирањето на деловните промени во фирмите, со задача да презентира потребни податоци во врска со работата на компанијата на државата, соствениците и раководните лица.
Имплементацијата на ERP софтверот опфаќа најпрво темелно разбирање на дејноста на компанијата, целта и мисијата на компанијата, детално познавање на методите на работа и одлучување како и темелно познавање на законите во чии рамки функционира компанијата.
Да не навлегувам во детали, ќе ми биде потребна личност која ќе може да биде мој асистент а со тек на време и самостоен имплементатор на ERP системи, од фазата на пред-продажба, преку фазата на продажба, профилирање на фирмата, имплементација, обука, пост-продажна поддршка и понатамошен развој и детализирање на ERP системот кој мојата компанија го произведува.
Дали може да препорачам странска државјанка со одлично познавање на сето горе споменато ?
Не гледам зошто не би можело, се додека има регулирано легален престој и дозвола за работа.