Дизните ги тестираа на Hartridge машина која чини околу 100 илјади евра. Мислам дека само Роберт во Тетово (со милион негативни искуства од муштерии) има такви скапи машини, Влатко во Кавадарци се нафаќа, но и за него има милион негативни искуства, па дури и на форумов од
@StefanMK на иста астра 1.7 цдти. Исто така за да репарира дизни од Denso треба да има скапа опрема која најчесто кај нас ја нема бидејќи пазарот е мал и нема исплатливост.
Проучено ми е добро нештово, зошто и јас не сакам компликации, колата е во Македонија, па по автобус праќам дизни, по автобус ми ги враќаат, па пари преку SEPA се праќаат и слично.