Автор Тема: Манифестација на намалена ефикасност на дизни, сервисирање и репарација  (Прочитано 10227 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Кои се симптомите на намалена ефикасност на дизните? Оваа тема ја поставувам поттикнат од искуството на мој пријател со Mercedes C270 кој отиде кај некој млад сервисер вo Момин поток. Со колата немаше никаков проблем кој би асоцирал на дизините но кога ги провериле таму од сите 5 неисправни биле 4. Му ги репарирале и сега вели ова е друга кола. Многу потивка и со значително помала потрошувачка регистрирана на борд компјутерот.
Темата ми е со цел да се укаже на симптомите кои се јавуваат доколку дизните покажуваат знаци на намалена ефикасност, а сепак не до толку да имаат целосно откажано. Како можеме да знаеме дека дизните не се во ред длумно или целосно? Во што се состои репарацијата на дизните зависно од типот на дизните, колку кошта таа и по која цена се наоѓаат на пазарот репарирани дизни. Дали некој има информација колку кошта репарација на механички дизни за Astra G 2.0 DTI или цена на репарирани по парче
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Некои од симптомите се зголемена потрошувачка, како и немање снага на колата конкретно јас што сум видел кај фолксваген возилото никако не одеше преку 140км/ч а трошеше многу

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Секое половно возило,посебно овие странските со 150-170Ккм,купувачот односно новиот сопственик пожелно е да си ги провери,пошо и тие имаат век на траење.Е сеа тоа кошта,ама барем мирна глава.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Затоа и прашав и за симптомите и за проверката и за репарацијата. Сепак на Астра се механички и тешко достапни за проверка
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
А како се проверуваат и колку кошта?

Јас пред да ја купам Либрата, ми донесоа една црна од Скопје кокошарник и случајно на сред дијагностика долета Владо бошистот и ја слушна и вика оваа има дизна при крај, пушти ја 200 км/х 5 минути и ќе стопи клип...  :o
Чаре, му викам... 75 евра по дизна си побара за репарирање, гаранција 100,000км...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ја иам чуено дека ако натепаш пуна гас и колата почне да сецка може да се рачуна на проблем со дизните.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
и уште ред други работи,мислам дека дијагностиката може да го покаже проблемот

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Проверката не е скапа. И кај тој во Момин поток и кај Стојче кошта 500-600 ден. доколку се дизните претходно извадени. Репарацијата за моите дизни незнам колку е. За Mercedesot C270 на другар ми му наплатија по 100E од дизна со 6 месеци гаранција
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Нема дијагностика за дизните кај Astra G
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Proff kaj Astra 2.0 DTL diznite se mehanicki. Kaj 270CDI motorite se elektricni. Kaj common rail tie se mnogu specificni i ako uspees da gi izvadis bez da gi ostetis se repariraat. kAJ nekoi motori ne se repariraat. Obicnite mehanicki dizni se steluvaat so podloski (sajbni) na kolku bara da otvorat. Tie mehanickite se testiraat mnogu ednostavno.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Прашав за информација кај Дејан во Момин поток каде што другар ми ги репарираше неговите дизни и ми рече проверката е многу едноставна но репарацијата можи да кошта од 40-60Е по дизна во зависност од состојбата на дизните и дека тој не се нафаќа да ги вади поради тоа што се под брегаста и што после е поврзано со штелување на палење итн. Мислам дека доколку се одлучам да ги проверам дизните целиата процедура ќе му ја препуштам на маршер
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Манифестација на намалена ефикасност на дизни, се
« Одговори #11 на: 02 Јануари 2013, 06:41:12 am »
Proff a be diznite kaj tebe ne bi trebalo da se pid bregasta.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Да не беа ќе беше многу полесно. Кај мене е Ecotec мотор и дизните се баш под брегаста
Јасно се гледа на петтата слика одгоре надолу. Сосема идентичен мотор со мојот

http://www.fiatforum.com/west-yorkshire-tuning/309503-vauxhall-zafira-vectra-2-0-dti-fully-reconditioned-cylinder-head-port-polished.html

http://kleinanzeigen.ebay.de/anzeigen/s-anzeige/duesenstock-bosch-24443598-injector-injektor-opel-astra-vectra-y20dth-y-20-dth/87992627-223-18650
« Последно менување: 02 Јануари 2013, 09:25:30 am proff »
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Ваш совет за тоа што е подобро:
Половни дизни и постоечките на репарирање?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Половни (зависи колку се возени иначе во секој случај се подобри од репарирани под услов да се со малку работни саати) од друга страна репарирани барем ќе тераат уште некој 50-100к км без проблеми а репарирање на 4 дизни ти е како да купиш една нова а може и дел од цената на нова (половни исто нема да бидат ефтини).