Почна да се зборува за таблети во андројд темата, ама мојот не е на андројд па ај тука.
Некое време го имам
http://www.notebookcheck.net/Review-Samsung-ATIV-Tab-3-XE300TZC-K01DE-Convertible.105609.0.html овој таблет. Како со виндоус, како лаптоп му доаѓа. И искрено за глупости не е ужасен. Само е страшно спор. Вака во нормална работа не, туку кога ќе отвориш страница неможе да ја скрола. На пример TIME.mk се осеќа сецкање и не е мазно. Или ако упалиш повеќе работи е исто библиски спор. Ако го тинтраш и го користиш само за по една страница, и не ти смета што сецка и ова и она... као добро. Демек. Има блутут тастатура и како лаптопче повеќе го гледам јас. Мене ми е глупо што мора да се користи исклучиво тачскринот (со прст или пенкалцето) зошто треба да ја движиш многу раката. Неприродно доаѓа. Е добро де ќе си носиш маус. Е ќе си носиш, ама нема USB порта тоа таблетот туку има микро USB... Цинцарлук тежок. Искрено ова е страшно лоша одлука од нивна страна. Го имам и поголемиот брат од 10 инчи и тој си има USB за среќа, па може да се користи, ама тој нема таква тастатурка и е поголем и не ми го собира во ташна.
На последното патување носев само таблет и тастатура и блутут маус што како комбинација за пренос е одлично. Се собира во мало ташниче, не е мака да се носи и се тоа фино како што треба. Батеријата држи цел ден за да може да излезеш без полначите (множина бидејќи таблетот и тастатурата се полнат со одделен полнач, да озбилно), а полначот е скоро поголем од таблетот. Малце безвезе смеислено ама ај. И е со кабел како за пегла... Елеганција 0. Ама ете среќа држи еден ден да го гњавиш, па може да се излезе без полнач како што реков. Ако мкнеш и полначи ќе треба ранец да носиш.
И сега ќе ми каже петко-станко (митко) дека ова било фино во брзина се користело и слично. Јас 6 дена бев само со него, и не е лесно. Малтретажа е спороста, мака е да се мрцвариш без усб, да неможеш јутјуб во 720п да пуштиш зошто ќе ти сецка - мислам ај. Дека брка работа, брка. Ако тоа се вика бркање. Ама пре би дал 100-200еур плус, или би носел 200-300 грама плус, да си го заштитам црниот дроб од апчиња за смирување и намалување крвен притисок, отколку да штедам (а не дека е ефтин, туку штедење во поглед на Атом процесор наместо i7). Еве сега го имам, ама си знам за следен пат. Само саглам хардвер.
П.С. Екранот е феноменален. Иако е слаба резолуција милина е за читање и користење.