Автор Тема: Проблем со забрзување  (Прочитано 3849 пати)

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 773
Проблем со забрзување
« на: 26 Декември 2012, 18:55:15 pm »
Дали ќе може некој да ми каже дали може ламела да се пршлајфува и тоа да биде последица на споро забрзување? Имам тојота корола 1.4 бензинец 1998 година. Во последно време не ми влече како порано. Кога нагло ќе додадам гас во 3та или 4та брзина како нишо да не се дешава некој 3-4 секунди па после се осеќа споро забрзување, а ако пополека додавам гас забрзува али не баш како порано. Ако ја газам од 0 до 100 си прима гас во сите брзини. Таткоми ја проба и ми кажа дека можно е да е прошлајфувана ламелата али незнам колку држи вода тој муабет...
« Последно менување: 27 Декември 2012, 19:10:57 pm SirPsyhoSexy »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #1 на: 26 Декември 2012, 19:03:23 pm »
Не е ламелата! У тој случај кога би додал нагло гас, колата би добила високи вртежи, а ништо не би се дешавало... Пролистај низ форумов, имавме некаде зборувано за овој проблем ...

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #2 на: 26 Декември 2012, 21:56:09 pm »
Јас мислам дека е ламелата. Чоекот не кажа дали оди или не оди во високи вртежи, а сето друго (споро забрзување, земање „замаф“ во 3та и 4та итн) се` тоа личи на ламела за промена.

Сепак нека ти ја провери колата некој поискустен (или мајстор).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #3 на: 26 Декември 2012, 22:25:06 pm »
Стај у прва или втора и од мали обртаи цигла гас, ако моторот води војна а колата стои - ламелата е, а и за кратко ќе почувствуваш мирис. Ако е отидена ламелата филингот е како кога шлајфува колата на мраз!
Евентуално стај у прва и крени ручна, пушти кумплуг, ако угаси ок е, ако си тера моторот во брзина а крената рачна - ламелата е.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #4 на: 26 Декември 2012, 22:27:54 pm »
Ах, ако не гаси моторот у прва со дигната ручна и пуштен куплунг, тогаш не да е отидена, туку не постои веќе ламела ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #5 на: 26 Декември 2012, 22:31:00 pm »
@SirPsyhoSexy ... Istiot problem i jas go imam na Alfata, koga davash gas ja prima gasta se ubavo,ali vlechenjeto nee toa toa,kaj i dae ke ni preshlajfuva skros :D

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #6 на: 26 Декември 2012, 23:11:12 pm »
Кога ќе дадеш гас колата не забрзува, а вртежите се зголемуваат? Ако е тоа случајот тогаш е ламелата.
А ако дадеш гас и моторот не развива убаво вртежи тогаш може да се многу работи како на пример свеќици, кабли, бомбина, дизни, филтри...

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 773
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #7 на: 26 Декември 2012, 23:34:39 pm »
Вртежите стојат исти... Иначе е мулти поинт инџекшн мотор... Има многу ствари што би можеле да се... Ќе отидам деновиве до кај механичарот што ми ја одржава па ќе видиме што ќе каже тој... Утре ќе ја пробам пак да видам дали вртежите се зголемуваат, неам баш обратено пажња али ќе сум приметел до сеа... Ќе пробам утре па ќе видам :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #8 на: 26 Декември 2012, 23:49:39 pm »
дигни рачна,стави во 5та и пробај да тргнеш малце побрзо,колата треба да угаси,колку покасно угаси толку е ламелата во полоша состојба

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #9 на: 27 Декември 2012, 00:34:43 am »
дигни рачна,стави во 5та и пробај да тргнеш малце побрзо,колата треба да угаси,колку покасно угаси толку е ламелата во полоша состојба

Не заебавај, ако има корвета ќе тргне у 5та.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #10 на: 27 Декември 2012, 00:40:38 am »
ќе угаси ако е добра ламелата,секако не да ја мачиш колата да тргне во пета туку со побрзо пуштање на куплунгот

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #11 на: 27 Декември 2012, 00:57:56 am »
Хахаха се заебавам бе..

Отсутен викацот

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #12 на: 27 Декември 2012, 01:07:44 am »
пробај со ручната,ако испадне дека е ламела,носи побргу на сервис... за да неиспадне после и замаец да мењаш....
Фиат Типо

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #13 на: 27 Декември 2012, 01:24:12 am »
Кога ќе дадеш гас колата не забрзува, а вртежите се зголемуваат? Ако е тоа случајот тогаш е ламелата.
А ако дадеш гас и моторот не развива убаво вртежи тогаш може да се многу работи како на пример свеќици, кабли, бомбина, дизни, филтри...

може и замастен катализатор, запушен ауспух, уберлауф... 

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со ламела
« Одговори #14 на: 27 Декември 2012, 02:41:37 am »
пробај со ручната,ако испадне дека е ламела,носи побргу на сервис... за да неиспадне после и замаец да мењаш....
не се оштетува замаец така лесно не се секирај