Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 258186 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #15 на: 14 Јануари 2011, 14:13:30 pm »
тоа со гумите не би рискирал. еко гумите имаат лоша тракција, можат фа те фрлат во некоја кривина.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #16 на: 14 Јануари 2011, 19:39:03 pm »
Секоја гума може да те фрли надвор од кривина ако се однесуваш со неја ко сивоња. Особено внимавај да е чист асфалтот, рамен и сув.

Иначе еко гумите имаат многу силна латерална тракција (лево-десно), многу силна дорсална тракција (кочење) а за нијанса послаба фронтална (стартување) тракција (за да се овозможи предност на дорсалната тракција).
Намалената потрошувачка на гориво се должи на внатрешната градба на гумата и обликот на шарата кои обезбедуваат мал отпор со помош на контролирана деформација на гумата при нормално ротирање кога не е подложна на латерални, дорсални и фронтални сили.

Нема потреба да се плашите од еко гумите затоа што ти е имаат и најдобри перформанци. Освен тоа на секој производител на гуми зборот „еко“ му е главен маркетинг адут. Michelin Energy Saver, Fulda Eco-Control, ContiEcoContact и ред други ;)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #17 на: 14 Јануари 2011, 19:43:14 pm »
Прв пат слушам дека еко гумите имале најдобри перформанси. може ли малку да го докажеш твоево тврдење?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #18 на: 14 Јануари 2011, 19:49:34 pm »
Прв пат слушам дека еко гумите имале најдобри перформанси. може ли малку да го докажеш твоево тврдење?

Se sto e eko - kaj kolite sekogas e sprotivno na performansite i vazi za se i u sekoj smisol na zborot!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #19 на: 14 Јануари 2011, 19:49:53 pm »
Прв пат слушам дека еко гумите имале најдобри перформанси. може ли малку да го докажеш твоево тврдење?

Секако. Доволно е да отвориш веб сајт на било која марка за гуми и да прочиташ информативно. Останатото се закони на физиката. Барем оваа проблематика е  едноставна, нема многу детали.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #20 на: 14 Јануари 2011, 19:54:44 pm »
убо рече и џиџи, се што е еко не е направено за перформанси, туку за демек помала потрпшувачка на гориво која ти никогаш нема да ја осетиш

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #21 на: 14 Јануари 2011, 20:35:24 pm »
Не загадувајте ве молам. Какви и да се гумите, такви се. Се додека се напумпани доволно, или малку препумпани добро е. Еднаш во месецот проверка е одлично. За избор на нови гуми, барем кај нас се зема тоа што е релативно најдобро и најповолно. Тоа не е темата.

На темата:
Куплунгот при поаѓање треба да се отпушта така што возилото не надминува 1500-2000 вртежи. Односно да не се тргнува со залетан мотор. Тоа не е само заради потрошувачка туку за уште многу други работи кои ќе се изабат, па индиректно удираат по новчаник.

Понатаму куплунгот треба да е отпуштен постојано, освен кога се стои или менува брзина. При застанување на семафор и слично куплунгот треба да се притисне најкасно што може. Тоа е за да се користи моторното кочење максимално, што ги штеди кочниците, а воедно и моторот не троши гориво за да се врти, зошто тркатала го вртат.

Истото важи и за на удолници, што помалку кочница а повеќе моторно кочење, и соодветен пренос.

Соодветно треба да се префрла во лер кога автомобилот стои.

Треба да се вози „мазно“ (smooth), заради сите потрошни делови на возилото, сигурноста, потрошувачката и комфорот (Не возиш компири). Значи испланирани движења со гламур и префинетост. Да не се маваат патниците наоколу по колата. (Освен ако не е тоа поентата... а често е.) Ова важи и во екстремни услови. Според зборовите на Џеки Стујард сите акции во колата треба да се извршуваат брзо, но флуидно. Тој тврди дека тоа е неговата тајна во возењето, чисто да не помислите дека говорам за споро возење или неинтересно возење.
« Последно менување: 14 Јануари 2011, 20:37:39 pm Deni »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #22 на: 15 Јануари 2011, 11:33:46 am »
Se sto e eko - kaj kolite sekogas e sprotivno na performansite i vazi za se i u sekoj smisol na zborot!

Во врска со гумите тоа правило не важи. Ми изгледате на недоволно информирани. Отворете на  www.adac.de odete vo Info,test & rat, i odete vo Reifen.

Овде имате цела енциклопедија во врска со автомобилските гуми, како и официјално поставените методологии на тестирање и оценување на гумите.
Доколку не знаете германски употребете некој од бесплатните транслатори за сајтови.

Ве молам. Учете. Не бидите интернет тролови. Прочитајте прво, научете нешто па ќе правиме муабет.
Без брзи реплики ве молам, тука сме да си помогнеме и да научиме, не да се бориме.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #23 на: 17 Јануари 2011, 22:16:49 pm »
еј Банза, овој не нарече тролови. Банирај го  >:(

Се зезам. Фаланга ти си сеуште тинејџер веројатно, сепознава по мОабетот што го правиш.  Eco COntact возев пред 7 години, имаа полоша тракција од Тигар. Инаф.





Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #24 на: 18 Јануари 2011, 02:05:25 am »
Ајдееее. Многу ги познаваш муабетите изгледа. Толку добро ги познаваш што погреши тинејџер со 30 годишник.

Ме чуди зошто си до толку хард кор тврдоглав. Абе чоек, ти даодв извори. Оди прочитај за гумите. Ако ти имаш поима што е тоа тракциа и како се мери јас глава сечам.
А оди на Википедија и прочитај што е тоа Интернет трол. Ќе се препознаеш веднаш. Не дигај прашина на теми каде не се разбираш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #25 на: 18 Јануари 2011, 02:16:27 am »
Во претходниов пост бев малку груб на крајот. Се извинувам. Ама навистина ме испровоцира и ме изнервира.
Разбирам јас дека сакаш да бидеш главен на форумот, ама навистина не си во право. Треба да покажеш доблест и чесност, да прочиташ и да признаеш дека некој знае за нешто повеќе од тебе.
Како што кажав и претходно, не е место ова за вербална борба. Туку за размена на знаења. А особено на оваа тема не можеш да тврдиш дека твојот осет за Еко контакт vs Тигар е порелевантен показател од опремата и метоологијата на АДАК која чини десетици милиони евра. Памет во глава.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #26 на: 18 Јануари 2011, 08:02:34 am »
 Јас на твое место не би се палел толку лесно и не би се надмудрувал со LosiPatista... Има време ќе го смениш мислењето. Каде што има многу пари има и политика, а каде што има политика не барај логика. Поздрав
« Последно менување: 18 Јануари 2011, 08:07:02 am proff »
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #27 на: 18 Јануари 2011, 08:32:39 am »
Полека фаланга, се зафркавав околу банот, како што и пишав. Но треба да разликуваш што е трол досега.

Еко контакт гумите што ги поседував беа толку лоши што на секое јако кочење, тркалата блокираа и оставаа траги со десетици метри. Стануваше збор за едни од анјдобрите еко гуми, на континентал, ако читаш тестови ќе знаеш дека континентал е претплатен на првите 5 места секогаш. Но колку тоа е вистина, јас еднаш сам си проверив.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #28 на: 18 Јануари 2011, 08:48:14 am »
Еве ти провери како котира Континентал Еко контакт 3 http://www.adac.de/infotestrat/tests/reifen/sommerreifen/2008_Sommerreifen_Test_175_65_R14.aspx?ComponentId=26380&SourcePageId=31821

2008 Година е второ рангирана. Погледни ги само интексите на перформанси. Прочитај и околу методологијата на тестирање. А ете ја и Тигар. Барај ја долу на дното.

Јас ти зе извинив зошто малку претерав и се изнервирав поради начинот на кој настапуваш. А не дека се плашам од бан. Јас не напоравив ништо со што би заработил бан.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #29 на: 18 Јануари 2011, 09:06:05 am »
се е по старо, конти пак си е на врвот ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need