Па пчекувам било која хонда на отворено да потроши 5-6 литри, кога се вози 90кмх. Дали е тоа возможно?
Да, комплетно возможно, и дури може и пониско да иде...
Од прилика пред 2 години, учествував во еден интересен проект... Поминавме 1013 километри низ Македонија (1 ден Скопје - Охрид - Скопје; 2 ден Скопје - Дојран - Скопје; 3 ден Скопје - Кр. Паланка - Скопје), со Хонда Џез 1.4 и Акорд 2.0, во еко-вожња. Значи, се внимаваше на многу параметри, и на отворено т.е. автопат, ги возевме 80-90, и во краен случај 100. Останатиот дел од патот (во било која насока), го возевме по сообраќајна сигнализација.
Ениху, крајниот резултат, после целите три дена напор, беше следниот: Хонда Џез - 4.14 л/100 км, Хонда Акорд - 5.07 л/100 км.
Да знам... И ние на г’с паднавме после тие бројки, арно ама, толку излегоа, и математички, и на борд - компјутер.