Зависи кога како. За град неможам да определам затоа што немаме релација да ја извозиме. Во принцип 90% од релациите се пократки од 2km или 5min, а тоа не е доволно за да се загрее моторот. Кога го носам малиот кај бабата, сабајлечки рано, кога ќе стигнам кај неа аутомацкиот саух е во функција. Дури и кога ќе се вратам назад сеуште не е исклучен. А во таков случај потрошувачката е многу голема. Со вакво возење со цел резервоар поминува околу 500km, т.е. потрошувачката е околу 13l/100km. Летоска очекувам да е со 1~1.5 литри помала во просек.
На отворено ја имам тестирано со цивилна вожња(не повеќе од 130km/h и без газење+кочење по угорници) на отворено/угорници/удолници на релација Скопје-Охрид-Скопје во комбинација со 60-тина километри градска низ Охрид и Скопје (од Центар до излез). Полнев гориво непосредно пред да тргнеме и веднаш откако стасавме и го ресетирав каунтерот пред да тргнеме. Имаше поминато околу 400km (не се сеќавам дали беа 402km или 408km) и ми наточија 35,5 литри до врв. Значи тоа е 8.7l/100km просек, но ова е во зимски услови. Летоска сигурно ќе биде помала за пола литар или повеќе. Ако се тргне на страна и тоа што е извозено низ град ќе му дојде кон 8l/100km на комбиниран(угорно, удолно и рамно на право и во кривини) отворено.
Како и да е, досега имаме извозено 5000km, а во просек возиме кон 14000km годишно и тоа 75% на отворено. Разликата на потрошувачка во пари, гледана на годишно ниво во однос на плин или дизел со моменталните рекетарски цени е некои 300-350 евра. Во принцип тоа и не е мала цифра, но не ни мењаат нешто значајно. Згора на тоа не се ни замарам да возам економично, туку си возам како што ми е ќеф. Кога сум сам и кога ќе ми дојде, си ја газам колата. Кога сум со малиот ја возам пензионерски. На отворено ако сум на добар автопат вадам над 150km/h просек(со малиот можда 10-20km/h помалку) и така.