тој калос го видов баш сеа пред некоја недела, после 3 години акање по разни селски полупатишта низ тиквешијата со новиот сопственик.
Ништо не му фали. Ама баш ништо. Типот што ја купи немал апсолутно никакви проблеми со количето.
Не, не е најфината кола за возење (ко да возиш кутивче на федери, а импотенцијата на моторот тешко се опишува со зборови) и да, технологијата е во суштина од пред 30 години (освен моторот, моторот е модерен), ама е далеку од полупроизвод.
Сега дури и ми е криво што го шитнав, пошто очајно ми треба втора кола. Ќе му турев плин и чао.