Fun fact: бензинот со поголем октански број всушност содржи за нијанса
помалку енергија пер литар од бензинот со понизок октански број.
Октаните спречуваат детонантно согорување...истражете си колку е непожелно тоа детонантно согорување.
Согорувањето на горивото во цилиндарот секогаш е детонација. Но, високиот октански број спречува спонтана детонација, детонација која би се случила
пред да кресне свеќицата. Висок октански број значи повисок flash point. Висок октански број дозволува поголема компресија во цилиндарот.
Порано, спонтаната детонација при големи туражи се спречувала со просто сипање вода (!) или етанол во цилиндрите чија единствена функција била да се разлади смесата додека клипот оди нагоре кон мртвата точка. После, турале олово во бензинот, од истите причини. А сега - сега искрено не знам како се качува октанскиот број без олово. Ме мрзело и не ме интересирало доволно да изгуглам.
http://en.wikipedia.org/wiki/Flash_point