Не се парите. Туку работата.
Што би рекол Фаланга:

Ако некоја активност, ете нека е како што спомна Филип. Па и многу потешки прашања исто така. Рационализацијата доаѓа од следното: „Никогаш, никогаш во животот да не помислам на работа“ Само толку. А тоа и ќе биде за неколку века, не дека не. После капитализмот. Тука во близина е и прашањето „што би правел со толку и толку пари рецимо“.
Ловат риба двајца и се поставува прашањето, што би правел ако наследиш трилион евра.
Ќе купам јахта!
-И?
Ќе пловам по мориња!
-И?
Ќе дупам!
-И?
Ќе се осигурам за цел живот со инвестиции!
-И?
Е тогаш ќе ловам риба на раат...
- А сега што правиме?
Тоа е поентата. Да можеш да правиш што сакаш. И тоа „што сакаш“ во 95% случаи е нешто многу просто или едноставно. Сликање, фотографија, свирење, музика, храна, гурманство, возење, трчање, планинарење, градба, копаничарство, везење, шиење, математика, физика, филозофија... благородни нешта. Мир и спокојство. Нешто што можеш и веднаш да го имаш, ако сакаш.
Никој нема да ти рече дека сака да е економист или банкар или систем администратор.
Тоа е до некаде и одговорот. Која е сумата која според таа индивидуа би овозможило ултимативно задоволство со кое ќе можеш кога ти сакаш да си ги обавуваш своите хобија. Многу од луѓето немаат хобија, се занимаваат со политика или менаџмент во слободно време и им е тешко да одредат колку пари им се потребни. Зошто во такво опкружување што повеќе- тоа подобро. Иако 99.9% може да останат непипнати никогаш.
Јас имам заклучено дека оптимално живеење на едно Македонско семејство се случува при приход од 2200 евра месечно вкупно нето примање. Со помалку од 1 работен ден во неделата од 8ч. Се над тоа веќе нема логика. А тоа би ти го овозможиле соодветни инвестирања на таа првична сума на пари која би ја добил. Дали на лото, дали од пердашлк, дали во наследство, дали од дрога, дали од небо не прави разлика.