Moe мислење е: пумпашот е должен сам да си го отвори капачето, да наполни и да го затвори.
На Октан преферирам плин да ставам, таму ако се фатам за чистачите за стакло одма ми го превземаат не даваат да се замарам, а мерак ми е сам да ги поминам. Ете брисачите им ги тргам да не се мачат, бар да поминат поубаво.
Ако стаклата се значајно валкани, знаат самите да ги изчистат.
Ако капачето е дополнително мачење што го отвараат, компезирам со тоа што плаќам на каса.
Случка од Макпетрол, кога веќе ги браниме пумпашите.
Наполнето гориво, му велам на пумпашот да го затворам капачето, не тој ќе го затворел јас да сум плател на каса (капачето на кровот ставено).
Се паркирам во база, гледам вратичката отворена, капачето го нема. Се враќам да го барам го нема.
Кој е за ебење?
Не сакав да се расправам беше за службено возило кое имаше договор со макпетрол. Бај д веј ми текна дека негде имаше такво возило растурено па планирав од таму да земам.
Делумно позитивна случка од Октан, да не беше нијансирано капачето ќе беше целосно позитивна.
Во брзо време заборавено беше да се стави капачето за плин, утре дента ме чекаше таму. После извесен период пак се деси да го заборават да го стават капачето, бев да го побарам ама го немаше.
Бев изнервирам бидејќи беше нијансирано, ме испратија кај шефицата, ептен беше професионална и му нареди на пумпашот да провери кое од капачињата ќе пасува без надомест.
Бебето ако не плаче, мајката цицка не му дава.