Ова ме потсете на вицов:
Се собрало женско лоби од Германија, Франција (ова пред нападите) и лејдис анд џенталмен, Македонијааа (и тука срце во вид на компир).
И се договориле да напраат некој тест. Да ги натераат мажите да ги извршуваат сите домашни работи. Собир на претставничките за две недели (на контрола).
После две недели ете ти ја претставничката на лобито од Германија, од Франција и Македонија.
Германката:
- Првиот ден ништо не видов, ама од вториот ден веќе почна в кујна јадење да прај, да пушта машина за перење...
Французинката:
- Првиот ден ништо не видов, вториот ден ништо не видов, третиот почна да чисти, да пери, да пегла, да ги спрема децата за на училиште...
Македонката:
- Првиот ден ништо не видов, вториот ништо не видов, тек дури третиот ден, ми спаднаа отоците на очите...