Грешам или држи вода?
Што фајде ако инвестираш во трет пензиски фонд и се пензионираш на 54г, ако со тоа како невработен од 54 години си го намалиш просекот за пензија и втор столб?
Пример:
Имаш мала плата, со тоа и мала идна пензија. Имаш приходи на страна кои знаеш дека ако не ги вложуваш некаде ќе ги потрошиш а утреден ќе се каеш. Тие додарни приходи ги вложуваш во 3 столб. Што и да се случи со тебе, блиските ќе ги наследат.
Што поконкретно ве интересира за системот за пензионирање во мк?
Што е најдобра инвестиција за да се преживее пензијата? Трет столб или некој инвестициски фонд? Или самостојно да се брка бизнис на страна.
Да се иселиш од државава на време. Може најубава инвестиција ќе ти биде
Се надевам ќе се случи наредниве години. 
Во меѓувреме размислувам за начин барем парите што ги имам заштедено да не изгубат вредност на инфлација.
Тоа меѓувреме е важно, 5 год, 10 год, 20 год
Ако мислиш на класична инфлација (потрошувачка кошничка) ништо нема да изгубиш и така како готовина да ги имаш, нормално не под перница
Ако мислиш утреден да купуваш недвижнина, тогаш на краток рок не можеш премногу, бидејќи и самиот процес н купување/продавање носи трошоци па и да порасне цената трошоците ќе го изедат тој "ќар"