Многу ме интересира како изгледа дискусијата во маркетинг департманот, каде веројатно седи и газдата и ги крати во корен сите разумни предлози.
Газдата им вика: Напрајте за Блек Фрајдеј 50% попуст ама да сме у ќар, да немаме загуби при продажба.
И овие, кутрите од маркетинг, отвараат у илустратор флаерот им маваат х2 на тековните цени, ги шкртаат и со -50% ги допишуваат.
Газдата среќен, 50% за Блек фрајдеј има, клиентите најчесто не се свесни дека ги шибаат у мозок.
И така.
Ќар до гуша, сите задоволни.