Еднаш поодамна, имав прилика да правам муабет со технолог од тогашната Битолска пивара. Тој ми кажа дека пивата во Македонија (од Прилепска, Битолска и Скопска пивара) по квалитет се тука некаде, на исто рамниште. Разликата била во волуменски застапеноста на екстракти и сл. Пивата во тоа време се праеле од квалитетен јачмен, квалитетен хмељ и квалитетна вода...запазувани биле сите критериуми за добивање на квалитетно пиво (чување месеци во тоа големите буриња или шознам шо, додека преврива и сл...), што значи пивата биле премиум.
Исто така ми спомна една цифра, 6,9% количина на алкохол, волуменски. Во сите пива ја запазувале оваа количина.
Ова пред некои десетина години.
Колку е точно тоа што ми го кажа технологот е обратно пропорционално со тоа колкава количина алкохол имаше испиено во моментот
