хм... и новус работат истово... ама на волвото кога ми ја пукнаа шофершајбната, имаше една линија од средина према надоле, во должина од околу 5-6 сантими... отидов кај нив и ми вика, дечко, да не се лажеме дека ке се среди ова... да, ние ке ја средиме пукнатинава, на прво излагање на автопат ке се распука пак..... после тоа пукнатината на секое излагање на автопат се поголема и поголема биваше и на крај кога стигна до доле, отидов и ја сменив еделпром, пошто они ми дадоа за 20-тина евра поевтина понуда од новус, а башка и ја имаа шофершајбната одма, а во новус ке требаше да се чека нај малку 10 дена.
е сега, типот од новус ми објасни дека, пукнати шофершајбни, се поправаат само ако се со дупче, баш онака како што е и на сликите покажано.. значи на здраво, среде или на страна пукнато, ама да нема завршени пукнатини до крајот на шофершајбната, и втор услов, пукнатината да е на надворешниот слој... ако е пукнатината со црта распукана до крајот на стаклото, тогаш, неможе да се направи ништо... ова ми го кажаа во новус...
а типов од тетово-фарук, можеби има понова и/или пософистицирана технологија за решавање на пукнатини. и сигурно не енов во оваа работа... да сум го знаел дека работи вакво нешто сигурно би отишил кај него да проба да среди.. и сигурно немаше да ме кошта ни половина од промена на шофершајбна.