Ај една тема за ова, знам дека е секојдневен проблем, али не сретнав тема за ова. И да прекрстете ја у нешто посоодветно пошто незнаев како да ја крстам
Значи страшно ама страшно ме нервира кога кочам како ми свиркаат кочниците! Поготово сега на ладново "свирењето" е позабележително. До вчера кога температурите надвор не беа под 0 се дешаваше, ама не толку, али сега ептен, при секое кочење.
Сите знаете ваљда за што станува збор, за кој звук. Арно ама, се нервирам пошто се чуствувам како да возам кола од пред 50 години :S
Имам слушнато дека тоа може да се случи од некое камче заглавено и такви работи, ама не сум сигурен дека може да е до тоа во мојот случај.
До што може да биде? Треба ли да мењам дискови/мискови нешто или? Не е мењато ништо од кога е купена, значи 2 години