На крајот на 2012 веќе нема изненадувања. Се појавија многу нови модели, може да се каже дека беше доста плодна година. Од новиот UP! па до ѕверови како Maserati Quattroporte и SRT Viper. Кое возило за вас беше „Car of the Year" изминатава година?
За мене, тоа беше Toyota GT86.
Веднаш по неа се Мерцедес А класа, Maserati Quattroporte и новата BMW серија 3.
Мислам дека GT86 го заслужи ова место, затоа што го нуди баш оноа што треба да го поседува едeн „drivers car". Без премногу „геџетарија“, возило кое бара да се вози во високи вртежи, весело за возење, многу добар филинг позади волан. И добар звук од под хауба