Малце копање по темиве од гробишта, решив да ја откопам оваа.
Имено, апчето мое прекрасно, има надворешни ретровизори од минатиот век, нит греени ни електрични. Кога се влажни и магловити утрата, и тие се влажни и замаглени. Секако, јас размазен од италијанските аута, буквално од 2004 година наваму не сум имал возило без грејачи на надворешни ретровизори, имам проблем - не ми текнува да ги избришам. Уште поголем проблем е што прозорите не ми се замаглени, бидејќи имам мод за да ми се стопли „микровалната“ во време пред да тргнам за на работа, па едноставно си влегувам у кола и тргнувам. Кога ќе дојде првото престројување на улица, и да погледнам у ретровизор - тогаш ми текнува
Е сеа, прашањето е, има ли некое средство, фолија чудо, магија, што може да се аплицира на надворешните ретровизори, што ќе го спречи маглењето/наросувањето?