Денес, две униформирани лица, во свои поодминати години, на врата со потпис од моја страна ми доставија две ливчиња. ( Ке спомнам дека не бегам од никого во светов, и секако ич од државниот апарат )
Имено се работи за :
1. Известување, врз основа на член 63 од Закон за прекршоци дека е поведена прекршочна постапка против мене, и јас како сторител имам право во рок од 3 дена да се изјаснам за фактите наведени во барањето за поведување или да дојдам во сектор за прекршоци во населба Лисиче ( нема адреса овде каде е тоа, а јас појма немам ).
2. Барање
Од, РМ, МВР - СВР- Скопје, ПС за БПС Скопје, со дата од 18.11.2010 ( да, 2010 година )
До, МВР на РМ, Сектор за прекршоци, одделение за прекршоци Скопје
Па врз основа на член 80 став 2 од Законот за прекршоци, овој орган на управата е надлежен за внатрешни работи, па донесува:
БАРАЊЕ ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
Против, нели мене, со МБГ... роден.... во Скопје, и живее на ул....
Затоа што:
На ден 25.09.2010 година во 13.40 часот на тротоар од бул Парт. Одреди, го паркирал Патн.Мот.возило марка... со рег.... сопственост на...., кое возило претставувало пречка за нормално движење на пешаците.
Прекршокот го констатирал работникот на полиција..... од ПС за БПС Скопје, кој на лице место му врачил покана за плаќање на глоба која во определениот рок рок од 8 дена не ја платил, а на лице место не се согласил да му бидат регистрирани негативни бодови за прекршокот.
Со опишаното дејствие постапил спротивно на член 66 став 1 со што сторил прекршок казнив по член 66 став 5 од ЗБСП, поради кое бараме да биде огласен за виновен и казнет.
Прилог, Пријава и Покана за наплата на глоба, записник.
Е сеа, вака.
Јас се обидувам да се сетам за што станува збор, и каков прекршок сум направил, па дојдов до созние дека можеби е случката коа колата ми ја собра Пајак, пред пазарче Буњаковец, и да бев паркиран на тротоар, едно 10-15 минути, и знам дека пцуев ко идиот, со полни раце излезен од пазарот. После тоа бев да си ја подигнам колата, си платив за носење, ама џандарот ми рече, терај. Нит да платам нит поени. Платив, си отидов, смеејќи се на крајот, дека добар ми искочил пазарскиот есап

Е сеа ова е единствениот момент на кој се сеќавам, друг контакт со униформирани лица не сум имал, со оглед дека ревносно секогаш паркирам на означени места, и плаќам како вол, само поради вакви работи.
Иако ми је јасна намерата на органите на управата, која е финалната цел, би сакал да чујам реални размислувања на темата, со оглед дека утре ке идам до „органот“ барем да ми објаснат во што е работата. ( Ако некој знае кај е локацијата, бидејки адреса не е наведена молам да ми укаже )
1. Не сум примил ништо, нит сум потпишал, нит тоа е барано од мене
2. Поминати 2 години
3. Паркиран сум на велосипедска патека ( ако за тој настан се работи )
4. Соочување? Паметно ?
5. Да си платам ако е нормална сума и да не се замарам ?
Благодарам за сите сугестии, клаберски, молам со конкретни и јасни размислувања, бидејки темата може да послужи на сите кои се во слична ситуација.