Автор Тема: Барање за поведување прекршочна постапка за погрешно паркирање  (Прочитано 5334 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Денес, две униформирани лица, во свои поодминати години, на врата со потпис од моја страна ми доставија две ливчиња. ( Ке спомнам дека не бегам од никого во светов, и секако ич од државниот апарат )
Имено се работи за :

1. Известување, врз основа на член 63 од Закон за прекршоци дека е поведена прекршочна постапка против мене, и јас како сторител имам право во рок од 3 дена да се изјаснам за фактите наведени во барањето за поведување или да дојдам во сектор за прекршоци во населба Лисиче ( нема адреса овде каде е тоа, а јас појма немам ).

2. Барање
Од, РМ, МВР - СВР- Скопје, ПС за БПС Скопје, со дата од 18.11.2010 ( да, 2010 година )
До, МВР на РМ, Сектор за прекршоци, одделение за прекршоци Скопје

Па врз основа на член 80 став 2 од Законот за прекршоци, овој орган на управата е надлежен за внатрешни работи, па донесува:
БАРАЊЕ ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
Против, нели мене, со МБГ... роден.... во Скопје, и живее на ул....
Затоа што:

На ден 25.09.2010 година во 13.40 часот на тротоар од бул Парт. Одреди, го паркирал Патн.Мот.возило марка... со рег.... сопственост на...., кое возило претставувало пречка за нормално движење на пешаците.

Прекршокот го констатирал  работникот на полиција..... од ПС за БПС Скопје, кој на лице место му врачил покана за плаќање на глоба која во определениот рок рок од 8 дена не ја платил, а на лице место не се согласил да му бидат регистрирани негативни бодови за прекршокот.

Со опишаното дејствие постапил спротивно на член 66 став 1  со што сторил прекршок казнив по член 66 став 5 од ЗБСП, поради кое бараме да биде огласен за виновен и казнет.

Прилог, Пријава и Покана за наплата на глоба, записник.


Е сеа, вака.
Јас се обидувам да се сетам за што станува збор, и каков прекршок сум направил, па дојдов до созние дека можеби е случката коа колата ми ја собра Пајак, пред пазарче Буњаковец, и да бев паркиран на тротоар, едно 10-15 минути, и знам дека пцуев ко идиот, со полни раце излезен од пазарот. После тоа бев да си ја подигнам колата, си платив за носење, ама џандарот ми рече, терај.  Нит да платам нит поени. Платив, си отидов, смеејќи се на крајот, дека добар ми искочил пазарскиот есап  :)
Е сеа ова е единствениот момент на кој се сеќавам, друг контакт со униформирани лица не сум имал, со оглед дека ревносно секогаш паркирам на означени места, и плаќам како вол, само поради вакви работи.

Иако ми је јасна намерата на органите на управата, која е финалната цел, би сакал да чујам реални размислувања на темата, со оглед дека утре ке идам до „органот“ барем да ми објаснат во што е работата. ( Ако некој знае кај е локацијата, бидејки адреса не е наведена молам да ми укаже )

1. Не сум примил ништо, нит сум потпишал, нит тоа е барано од мене
2. Поминати 2 години
3. Паркиран сум на велосипедска патека ( ако за тој настан се работи )
4. Соочување? Паметно ?
5. Да си платам ако е нормална сума и да не се замарам ?

Благодарам за сите сугестии, клаберски, молам со конкретни и јасни размислувања, бидејки темата може да послужи на сите кои се во слична ситуација. 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Дали обврската по сторен прекршок застарува после 2 години од настанувањето во случај да не е до 2-те години поведена прекршочна постапка? Јас мислам дека нема основ да те казнат бидејќи случајот е застарен.

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
i mene istoto mi se desi so pajak sluzba. si plativ tamu 2500 ili kolku i da bese i dzandarkata mi gi podade samo dokumentite, ja prasav kazna poeni nesto, mi vika nema nisto ne se pisuva :S mi ja sobraa od pred vero aerodrom
da ne me pozdravat i mene vaka posle nekoja godina :)
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 535
Локацијата доколку е напишано само населба Лисиче, се наоѓа во полициската карши трговскиот во н.Лисиче. На линков можеш подетално да видиш каде е.
Додека за казната, доколку не е некоја голема(а чим имало опција за поени не би требало да е висока), повеќе време ќе изгубиш додека да се докажеш отколку парите што ќе ги дадеш. Само нормално не дозволувај да те прават будала, како што си обичаат они да прават мајке им га...
« Последно менување: 29 Ноември 2012, 18:28:08 pm negoznam »

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Плати си мислам дека е 45 евра,намерно прават вакви финти за да платиш,одколку да отидеш на бодови и немаат ќар од тебе.Пишав и мене ми се случи истото кога поминав на црвено,па одпосле ми стигна покана за суд и уште се влечам по судови,а за ваква мала казна нема потреба од такво нешто бар ја така мислам.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Мене ми стигна ваква казна за паркирање на автопат. Да, ме сопреа, но никој ни ми пиша казна ни ми кажа нешто околу тоа. По 2 години ми стаса покана за пред комисија, отидов кај комисијата им кажав вака и вака, односно никој ништо не ми даде, а и сигурно би одбрал 25 поени да ми пише или би платил 45 евра него да дозволам 2 години да чекам од нив... Го напишав тоа на писмено се убаво кај нив, одтогаш ништо нема стасано, 9 месеци има еве..
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Согласно закон за прекршоци

Член 34

(1) Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако помине една година од денот кога е сторен прекршокот.

(2) Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот.

(3) Застарувањето не тече за времето за кое според законот гонење не може да започне или да продолжи.

(4) Застарувањето се прекинува со секое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот на прекршокот.

(5) Застарувањето се прекинува и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареноста ќе стори исто така тежок или потежок прекршок.

(6) По секој прекин застарувањето започнува повторно да тече.

(7) Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење.


Така да постапката е застарена.

Согласно вашите размислувања, добра идеја е да се плати, со оглед дека не е висока казната, ама од другата страна, ќе ми пораснат ушите, зошто успеале да ми ќарат пари на педерска финта, од трета страна, овој случај би бил добар репер како да се однесуваат оние кои ке добијат ваква застарена казна.

Фала за инфото за локација на органот :)

Ќе ве апдејтирам утре, многу ме интересира целата состојба, спроведување и водење на вакви работи кај нас.  АКо е 3 работни дена, ондак ја фино лепо идам утре одма, гарант ако отидам у понеделник, ќе ми го рачунаат и викендот у работни.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
абе чекај какво плаќање,нели сам си напишал под (1) Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако помине една година од денот кога е сторен прекршокот.
кажи им го ова утре и нек одјебат

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Покрај тоа што ќе одиш утре да се расправаш усно, пиши и едно писание - приговор со тоа што ќе истакнеш дека во постапката не си имал контакт со службено лице и дека возило пајак ти ја собрало колата, а ти регуларно си ја земал без притоа да потпишеш било каков документ дека си добил казна (ако си сигурен дека не си потпишал). Но и без разлика на тоа збиднување делото е веќе застарено, затоа што прекршокот се случил на датум тој и тој, што е повеќе од 2 години, а делата согласно член 34 од законот за прекршоци, застаруваат по една година. итн, итн, најди некој правник (сигурно имаш) да го склепате убаво, и тоа жглааааап во архива кај нив!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Согласно чл.42 ст.1 и ст.7 од Закон за прекршоци застарено е. Има измени на тој член и се менуваат роковоите од 1 со 2 години, на 3 со 6 години за апсолутна застареност. Измените се во 2011 година, така да не те фаќаат тебе, односно твојов конкретен случај ;)

Може да склепаме нешто, само да извршам уште една консултација со правниов кадар кај мене во канцеларија :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Од инает фати адвокат.

Од искуство мое, пиши една изјава со фиктивен сведок и закани му се дека ќе поднесеш жалба до второстепена владина комисија за прекршување на уставна постапка а после и управен спор против јавен орган.
Гледај според пријавата да најдеш дупки за добро да ја склопиш изјавата.
Јас вака го извадив брат ми од навремено пратена казна за реално сторен прекршок со добра лага  ;)

Не попуштај!
Уби скота мајке му  :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Еве добив и потврда од колегите, дојди во понеделник да ти напишеме и ќе го пратиме.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Епа драги другари, јас го размрдав законот и токму таков приговор и направив. ( има нешто адвокатско у мене, со оглед на професијата на убедување :) Врзав застарување, со можност за соочување, иако неговиот збор против мојот, јасно е дека е поважен.

Отидов денеска, на лице место, у органот :), и таму имаше еден мноооогу леп Хамер у двор и еден Ленд Ровер џандарски толку стумбан, што потрошив 10 минути да го разгледам. После видов дека единица Алфи таму биле стационирани.

Елем, љубезно се пријавив на портирница, и уште пољубезно упатен на кат во најголемата канцеларија на која што пишуваше Скопје 1.

Внатре канцеларија од 7-8 души, затрпани со папки предмети, и приметно, најгоеми купови со „застарено“ маркирани.
Една љубезна г-ѓа ( или ѓ-ца, младичка така )  ме прими, го разгледа предметот, ми ја зема поканата, ме праша дали сум бил легитимиран од страна на органот, јас и реков дека не сум бил, што и реално беше.  Надополнив дека нит ми било дадено да платам нит поени да правам.

Она фино лепо, ми ја зема поканата, за да после тоа го најде предметот, и вероватно заврши во купот на застарени. Ја прашав уште еднаш, дали е се ок, а она, потврдно - да завршено е. Беше љубезна и фина, и мислам дека е ок ситуацијата, ми беше незгодно да прашувам повеќе, макар и задутре пак да ме викнат :)

Шемата - ако проѓе проѓе, кај мене не пројде, го видоа тоа, и мислам дека се заврши работата.






Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Мислам дека и они си имаат исто така големи проблеми со евиденција и дека некогаш мора да веруваме дека постојат ненамерни грешки. Anyways, драго ми е што не посегна одма по уплатница :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Ако ти дојде нешто, немаш гајле застарено е :)

На мајка ми и стигна од УЈП да плати казна, до таму и беше стигнато, па барање до УЈП да се запре извршувањето, па тужба до управен и си доби пресуда дека е застарено. Чича мича готова прича.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.