Подобро што не си го фатил, верувај ми, само проблеми ќе си навлечеш.
Сега ангажирај се и дооооообро исчисти го ентериерот. Стакленца ќе имаш насекаде. Фати убаво во сите дупчиња, во седиштата, во отворите во вратите и ако имаш џебови во седиштата.. Јас од задното стакло што ми го скршија на Голфот вадев стакленца година дена после тоа.
Иначе, секаде се краде и се обиваат коли. Мора човек ептен да пази каде ја остава колата. Не се потресувај премногу, не можеш веќе ништо да направиш. Штета за радиото, ама се купува друго. Најди си само стакло, смени го и терај даље.