Полицијата е за никаде, пола од нив треба да ги отпуштат веднаш па после од другата половина да се види кој има намера да си ја работи работата.
Пред неколку години, на Борис Трајковски во правец накај Драчево, после Тинексот вртам лево накај тие уличките што се во насока накај пругата/возовите. Таму е дупла полна линија и башка навечер беше и врнеше, накој идиот со бледа зелено-бела лада ме поткачи од ЛЕВА страна. Не беше многу оштетен Матизот (само левиот преден ќош малку удрен), но имав среќа што не бев завртен и идиотот ме поткачи под многу мал агол. Пак велам, среќа беше што во моментот само што бев почнал да вртам. Пола секунда покасно и ќе ме удреше точно од моја страна, точно во мојата врата. Во Матиз таков удес не се преживува, посебно што секогаш носам појас (ете едиствена ситуација кога е подобро да не носиш појас).
Значи на дупла полна линија, на мое скоро целосно успорување и со жмигавец пуштен барем десетина секунди предходно... и што е најглупо со целосно празен пат во двата правци (значи десната лента му беше слободна).
Е сега како влегува полицијата во случкава.
Кога дојдоа да направат увид за удесот, прва работа што ми кажа џандарот беше „Не се надевај на ништо чим не си видел регистрација„. А на улицата имаше милион парчиња од Ладата, пошто китиран му бил тој дел со кој ме удрил. Просто смешно беше како на таква нежна каросерија и мек лим од Матизот имаше толку малку штета и вдлабнување а колку скршени парчиња од бледо-зелено-бел кит имаше.
Ништо не ми одговори џандарот кога го прашав колку лади со бледо-зелено-бела боја има во Скопје и колку од таа (мала) бројка има регистрирано со сопственици кои се со живеалишта накај Драчево (натаму избега идиотот, и притоа без да застане на црвено помина на раскрсницата накај Драчево надолу). Такви Лади со таква боја нема многу, колкава работа е да се проверат сите и да се види која е слупана од десна страна... Требаше да загинам за да преземаат мерки за наоѓање на сторителот?
Нормално не сакаа да ми дадат адреси и сам да си проверам каде има удрена Лада со таа боја.
Целата поента ми е дека, ПОЛИЦИЈАТА ЕДНОСТАВНО НЕ СИ ЈА РАБОТИ РАБОТАТА. Не сакаат да си ја сработат работата.
Не мора да сум детектив за да знам дека во мојот случај лесно ќе ја завршеа работата за еден ден од страна на еден полицаец.