Автор Тема: Лоповлук низ Скопје..  (Прочитано 221737 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #870 на: 26 Февруари 2014, 13:23:31 pm »
Ништо не работи полицијата. Со крадците не се замараат ако можат да забушат (ако не притискаш преку врски). Со тебе можат да се замараат пошто не треба да вложат труд за да те бараат.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг:
« Одговори #871 на: 26 Февруари 2014, 13:29:43 pm »
11 000 neresheni slucai samo od 2013ta godina, a oni kazni za riknato sveylo pisuvaat. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #872 на: 26 Февруари 2014, 14:18:27 pm »
Полицијата е за никаде, пола од нив треба да ги отпуштат веднаш па после од другата половина да се види кој има намера да си ја работи работата.

Пред неколку години, на Борис Трајковски во правец накај Драчево, после Тинексот вртам лево накај тие уличките што се во насока накај пругата/возовите. Таму е дупла полна линија и башка навечер беше и врнеше, накој идиот со бледа зелено-бела лада ме поткачи од ЛЕВА страна. Не беше многу оштетен Матизот (само левиот преден ќош малку удрен), но имав среќа што не бев завртен и идиотот ме поткачи под многу мал агол. Пак велам, среќа беше што во моментот само што бев почнал да вртам. Пола секунда покасно и ќе ме удреше точно од моја страна, точно во мојата врата. Во Матиз таков удес не се преживува, посебно што секогаш носам појас (ете едиствена ситуација кога е подобро да не носиш појас).
Значи на дупла полна линија, на мое скоро целосно успорување и со жмигавец пуштен барем десетина секунди предходно... и што е најглупо со целосно празен пат во двата правци (значи десната лента му беше слободна).

Е сега како влегува полицијата во случкава.
Кога дојдоа да направат увид за удесот, прва работа што ми кажа џандарот беше „Не се надевај на ништо чим не си видел регистрација„. А на улицата имаше милион парчиња од Ладата, пошто китиран му бил тој дел со кој ме удрил. Просто смешно беше како на таква нежна каросерија и мек лим од Матизот имаше толку малку штета и вдлабнување а колку скршени парчиња од бледо-зелено-бел кит имаше.

Ништо не ми одговори џандарот кога го прашав колку лади со бледо-зелено-бела боја има во Скопје и колку од таа (мала) бројка има регистрирано со сопственици кои се со живеалишта накај Драчево (натаму избега идиотот, и притоа без да застане на црвено помина на раскрсницата накај Драчево надолу). Такви Лади со таква боја нема многу, колкава работа е да се проверат сите и да се види која е слупана од десна страна... Требаше да загинам за да преземаат мерки за наоѓање на сторителот?
Нормално не сакаа да ми дадат адреси и сам да си проверам каде има удрена Лада со таа боја.

Целата поента ми е дека, ПОЛИЦИЈАТА ЕДНОСТАВНО НЕ СИ ЈА РАБОТИ РАБОТАТА. Не сакаат да си ја сработат работата.
Не мора да сум детектив за да знам дека во мојот случај лесно ќе ја завршеа работата за еден ден од страна на еден полицаец.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #873 на: 26 Февруари 2014, 15:30:55 pm »
Внатрешна контрола..
New blood of old school

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #874 на: 26 Февруари 2014, 18:07:24 pm »
Внатрешна контрола, навистина?
Прашај некој од полиција колку им ги менува работите внатрешната контрола во МВР (одговорот е турски збор, две букви).

Ох да, треба да се пријавува и таму... ама немој, ни во лудило немој, да се надеваш со дека тоа ќе се смени нешто. Таквото јавување е повеќе за тебе, дека си направил се што можеш (легално).

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #875 на: 26 Февруари 2014, 19:17:15 pm »
Во мојот случај смени нешто..а и да не смени како што кажа барем ке знаеш дека си пробал се...легално :)
New blood of old school

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #876 на: 26 Февруари 2014, 19:42:37 pm »
hahaha...vnatresna kontrola... doooobar vic ;D

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #877 на: 26 Февруари 2014, 20:08:58 pm »
Во мојот случај смени нешто..а и да не смени како што кажа барем ке знаеш дека си пробал се...легално :)

Зошто да се мачиш и да проверуваш се’ кога знаеш дека НИШТО нема да упали?

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #878 на: 26 Февруари 2014, 23:41:40 pm »
Во мојот случај смени нешто..а и да не смени како што кажа барем ке знаеш дека си пробал се...легално :)
New blood of old school

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 445
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #879 на: 27 Февруари 2014, 03:22:48 am »
Полицијата е за никаде, пола од нив треба да ги отпуштат веднаш па после од другата половина да се види кој има намера да си ја работи работата.

Пред неколку години, на Борис Трајковски во правец накај Драчево, после Тинексот вртам лево накај тие уличките што се во насока накај пругата/возовите. Таму е дупла полна линија и башка навечер беше и врнеше, накој идиот со бледа зелено-бела лада ме поткачи од ЛЕВА страна. Не беше многу оштетен Матизот (само левиот преден ќош малку удрен), но имав среќа што не бев завртен и идиотот ме поткачи под многу мал агол. Пак велам, среќа беше што во моментот само што бев почнал да вртам. Пола секунда покасно и ќе ме удреше точно од моја страна, точно во мојата врата. Во Матиз таков удес не се преживува, посебно што секогаш носам појас (ете едиствена ситуација кога е подобро да не носиш појас).
Значи на дупла полна линија, на мое скоро целосно успорување и со жмигавец пуштен барем десетина секунди предходно... и што е најглупо со целосно празен пат во двата правци (значи десната лента му беше слободна).

Е сега како влегува полицијата во случкава.
Кога дојдоа да направат увид за удесот, прва работа што ми кажа џандарот беше „Не се надевај на ништо чим не си видел регистрација„. А на улицата имаше милион парчиња од Ладата, пошто китиран му бил тој дел со кој ме удрил. Просто смешно беше како на таква нежна каросерија и мек лим од Матизот имаше толку малку штета и вдлабнување а колку скршени парчиња од бледо-зелено-бел кит имаше.

Ништо не ми одговори џандарот кога го прашав колку лади со бледо-зелено-бела боја има во Скопје и колку од таа (мала) бројка има регистрирано со сопственици кои се со живеалишта накај Драчево (натаму избега идиотот, и притоа без да застане на црвено помина на раскрсницата накај Драчево надолу). Такви Лади со таква боја нема многу, колкава работа е да се проверат сите и да се види која е слупана од десна страна... Требаше да загинам за да преземаат мерки за наоѓање на сторителот?
Нормално не сакаа да ми дадат адреси и сам да си проверам каде има удрена Лада со таа боја.

Целата поента ми е дека, ПОЛИЦИЈАТА ЕДНОСТАВНО НЕ СИ ЈА РАБОТИ РАБОТАТА. Не сакаат да си ја сработат работата.
Не мора да сум детектив за да знам дека во мојот случај лесно ќе ја завршеа работата за еден ден од страна на еден полицаец.

Поим нема друже полицијата!Прво не се писмени за да си ја извршуваат работата.Ставиле се некои партиски ку*ви.

Колку луѓе има во полиција кај нас а да имаат завршено полициска академија или евентуално средно полициско?

Џабе ќе се објаснуваш.Имам еден бивши комшија кој има завршено 4 одделение.Сега работи како инспектор во МВР.Ти се верува ли?И што да се збори понатаму.Знаеш ли колку вакви се во МВР???? :D


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #880 на: 27 Февруари 2014, 07:41:55 am »
На жалост тоа е реалноста на државата во која живееме. Купишта неспособни луѓе на осетливи места, а најлошото е што ништо не се менува и покрај неколкуте менувања на власта.

Ама во право е Принц, секогаш треба да се тера работата до крај, макар и ако знаеш дека е џабе.
По некоја извртена логика, ако има дебели врски тој кој го пријавуваш за внатрешна контрола, пак ќе треба да се задолжува (или да потроши услуга) кај тие од внатрешната контрола. Автоматски го ставаш во мод на размислување со кое следниот пат ќе се праша дали можеби поисплатливо му е евентуално да си ја заврши работата.

Извртени размислувања, ама таква ни е државата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15124
  • Пудингот на шоферството
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #881 на: 27 Февруари 2014, 08:32:01 am »
Така така,имаше еден џандар пред 6-7г се мислеше шериф е низ Битола,па му заврши мандатот на неговите дебели врски,сега си ја пцуе мајката... :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #882 на: 27 Февруари 2014, 09:17:19 am »
Има и низ Кичево 2-3 такви Мече :)
New blood of old school

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #883 на: 22 Март 2014, 14:01:11 pm »
Двајца жители на Катланово се осомничени дека сториле серија тешки кражби од викенд куќи.

mvr predmeti ukradeniКражбите ги извршиле од средината на октомври минатата година до почетокот на март годинава на подрачје на Гази Баба, во атарот на село Катланово и тоа осум на место викано „Стари Лозја“ и една на место викано „Фазанерија“.

МВР апелира до сите граѓани кои во споменатиот период биле жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје.


http://mkd-news.com/videte-neshto-da-ne-e-vashe-mvr-objavi-video-od-predmeti-ukradeni-od-vikenditsi/
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #884 на: 22 Март 2014, 16:07:58 pm »
Па па па, овие се поснабдени од Меркур и Хубо заедно..