мислам дека некој у темата за скутерчиња спомна дека се краделе мотори и после се јавувале на познати на сопственикот и барале откуп...епа нешто слично му се десило на дечко од маало.пред недела дена му ја украле колата,ефтин модел,до кај 2500 евра мислам дека иде таа кола.после 3-4 дена му се јавува некој на мобилен и му вика ти ли си тој и тој,те бараме неколку дена не се јавуваш,кај нас ти е колата,те у отпад,ако не платиш 1000 евра ја сечеме.дечково им рекол дека нема толку,па од другата страна му рекле ај за 500 ќе ти ја дадеме.он им рекол да му се јават повторно за кратко за да обезбеди пари и да се договорат.после тоа врти у полиција,пријавува,од таму му викаат ок,чекај да ти се јават повторно,другото е наше.се јавуваат пак,незнам што разговараат,ама алфите ги апсат.се јавиле од телефонска говорница во близина на сити мол,и првиот и вториот пат.наркомани биле демек,колата ја возеле се додека имало гориво и ја остаиле у синѓелич,па ја начекале роми и ја отвориле да испокрадат што можело да се украде.фатени се и тие,бидејќи во близина имало камери од некој објект.незнам дали се истите што краделе и мотори или само некои ги копирале нив.и што е интересно у причава,кај мене у маало има уште една иста кола како оваа што ја украле,буквално иста.пред да биде кражбава,комшија случајно од тераса приметува дека двајца се вртат околу колата,еден висок со капуљача,другиот низок и пробале со клуч да ја отклучат.му се јавил одма на тој што е негова колата да се симнат,ама додека се симнале овие си отишле без ништо.значи,можно е они веќе да имале изработено клуч за да ја отворат колата,ама ја утнале вистинската.тоа е причата,се надевам истите се тие и моторите што ги краделе па ќе престане ова