Автор Тема: Најдоверливи модели и/или марки  (Прочитано 199921 пати)

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Најдоверливи модели и/или марки
« на: 29 Декември 2010, 21:46:34 pm »
Мојата стара добра омилена тема :)

Toyota Über Alles ;) според TÜV и Auto Bild



Џабе сите реални и измислени сплетки и проблеми. ;)

Тојота на врвот на доверливост!
« Последно менување: 29 Декември 2010, 22:03:53 pm SceMax »

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #1 на: 29 Декември 2010, 22:09:27 pm »
Според DEKRA

Во 2009 најдобра е Opel Corsa



Izvor


Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #2 на: 29 Декември 2010, 22:13:39 pm »
Повторно според DEKRA

Во 2010 најдобра е Opel Insignia



Izvor

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #3 на: 30 Декември 2010, 01:54:23 am »
Хммм интересно :)
За половни автомобили, некако има останато моментот со јапонци или германци... Колку што знам, муабетот беше „стеј ауеј“ од италијани и французи... Дали и колку е ова сеуште оправдано, не знам... Стари Фиати кои што беа доста добри, беа Типо и Уно. Колку што имам разбрано, Рено Клио од втората генерација е прилично добро половно возило.
Иначе, за јапанците малтене и да не праи разлика на која варијанта ќе се оди, пошто се прилично „рилијабл“ :) Некако пар години уназад, Субару отскокнуваше во однос на другите, што не значи дека другите беа за бришење џамови, туку дека Субару бил за нијанса подобар.
Е сеа... З џрмнс... Не знам, ама мислам дека на што и да иде чоек, а да има VW значка, нема да згреши. Фордовите се исто така поприлично добри... Е за Опел не знам... Некако немам премногу поверење во нив, пошто се дел од америчка групација. Со оглед на тоа дека до неодамна (до пред кризата), само Опел уствари беше единствен функционален дел во машината на ЏМ, и токму Опел беа тие што навистина прават нешто во животов, влева некоја доверба. Ама кај мене лично, не премногу, па затоа ми се трети на список :) За скапите германци нема да муабетам, пошто немам баш некои релевантни информации.

Како и да е, ниедна статистика не треба да игра преголема улога во одлуката, пошто статистиката нема врска со примерокот... Она што сакам да кажам, е дека обавезно треба, не, МОРА да се направат серија тестови во веродостојни сервиси (ретко кога тука спаѓаат официјалните и импортерските), врз избраниот примерок, без разлика на потеклото на истиот.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #4 на: 30 Декември 2010, 10:33:32 am »
Бројките си го кажуваат своето. Од 2004 година Опел драстично го зголеми квалитетот и денеска е веројатно најдобар. Jaс сега гледам дека ја имам погрешната генерација на Corsa :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #5 на: 01 Јануари 2011, 22:19:40 pm »
Еден цитат на незадоволен сопственик на Sciroco:

Цитат
TIE KOJ GO PROGLASILE OVOJ MOTOR ZA NAJDOBAR NEMAAT VEZA. JAS IMAV SCIROCCO 1.4 TSI SO 160KS NA 30000 KILOMETRI ZARIBA. SITE KOI BILE VO PORSCHE SKOPJE OD JUNI DO SEPTEMVRI IMALE MOZNOST DA GO VIDAT VO SERVISOT KAKO LAICITE SE MACAT DA GO POPRAVAT. I DO DEN DENES NE USPEAA. SREKA ZA MENE STO GI TUZEV PA MORAA DA MI GO OTKUPAT
Напишан од METODI  пред  околу 2 месеци

http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=956



Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #6 на: 03 Јануари 2011, 18:14:25 pm »
Од досегашно искуство најдоверлив аутомобил што сум поседувал/возел е Алфа Ромео.   ;D

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #7 на: 03 Јануари 2011, 18:21:34 pm »
Бројките си го кажуваат своето. Од 2004 година Опел драстично го зголеми квалитетот и денеска е веројатно најдобар. Jaс сега гледам дека ја имам погрешната генерација на Corsa :)
Потполно се согласувам јас ја имам правата генрација на Corsa C 2005-та и немам ама баш на ништо што би се пожалил а веќе има 80.000 поминато и освен стандард сервис гаража нема видено :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #8 на: 03 Јануари 2011, 18:22:22 pm »
Кај Опел проблем е што колку и да е Ок, времето го јаде, али баш буквално   ;D ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #9 на: 03 Јануари 2011, 21:11:18 pm »
Куре тоа ти е стар муабет што само делумно беше точен во 90тите. Него еве ти еден најнов трач:

FERRARI-ТО МУ ОТКАЖА ЉУБОВ НА ХЈУ ГРАНТ

Популарниот британски актер Хју Грант викендов имаше проблеми со своето Ferrari, вредно 140.000 фунти, кое се расипа и го остави на сред улица во близина на Кент, јавуваат британските медиуми.



Актерот одлучи Новата година да ја започне со партија голф, но на пат кон голферските терени, неговиот миленик се расипа. Грант се обиде да го „оживее“ автомобилот, но без успех. На крајот автомобилот беше шлепан до автомеханичарскиот салон, а актерот до саканата дестинација замина со VW комбе старо 15 години и тоа благодарение на љубезниот угостител Пол МекМулан.

Иако ја немаше комоцијата како во својот Ferrari, кој развива и до 310 км/час, сепак Грант стигна сигурно и безбедно до голф терените. Актерот минатата година си го купи скапиот автомобил по повод својот 50-ти роденден.


http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/652429/index.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Spurga

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #10 на: 04 Јануари 2011, 21:37:30 pm »
Моето мислење за Опел беше исто така негативно.Но,се уверив дека не е така.Имам Опел Комбо 2003 1.7 ДТИ со 27100км.Го земав пред две години и направи околу 60ооокм.И до сега ( да чукнам у дрво ))неам никаков квар,освен нели оние делови кои се редовни за промена.Другиот Опел,е Сигнум,2003 2.2 ДТИ.Го имам од летоска,и до сега поминав околу 20ооокм.До сега сум задоволен од него,и покрај дефект и замена на два,три поскапи делово,на кои им дошол крајот.И покрај меката вожња,аутото со овој мотор и со 210000км има одлични перформанси.Во секое време на отворено,бројката 190км/х ја достигнува без проблем,и покрај тоа удобноста во возењето не се нарушува,едноставно не се чувствува.
Наредна ауто,како желба ја имам Инсигнијата,па здравје.
Затоа,ако некој сака да земе половно ауто,најисплатлива опција ме е Опел.Квалитет ако не подобар,во најмала рака исто со останатите германски марки,и за цена далеку пониска.
Впрочем до сега само Опел понуди доживотна гаранција...))))
Поздрав!!!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #11 на: 05 Јануари 2011, 01:36:51 am »
Можно е, можно е...
Ако навистина Опел до тој степен се има подобрено, онда мач респек :) Можеби најголемиот проблем со Опел е уствари константната психоза која е поврзана со неговото име... Имено, во последниов период, муабетите околу Опел беа претежно негативни... Па дали ќе преживее, па бркање не знам колку луѓе од работа, затворање погони, па вака било, така било... Мене лично, ми е ептен мило ем драго, што во целата таа ситуација, Опел и тек како ја рашамара јавноста со Insignia и со новата Astra. Едноставно онака, „Шат д фак ап за нас, еве ние што правиме и како правиме!!“... Мислам, тоа преведено на германски нели :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #12 на: 07 Јануари 2011, 00:43:00 am »
Во принцип нема лоша марка, сем кинеските, а за другите важи од модел до модел и од мотор до мотор, така да Опел многу падна на реноме кон крајот на 90 тите со вектрата од 97 навамо со астрата прва, а од 2003 навамо само пофални зборови во однос на квалитетот, некако најпостојани се јапонците почнувајки од 95 навамо вадат добри модели без поголеми падови, а европјаните се чудна направија, единствено фолксваген има добри модели во цел период, другите сите имаат падови и подеми, фиат со типото и уното беше добар па после со пунто и брава браво за никаде, па сега со гранде и новото браво пак се супер, исто и форд фокусот му е стандардно добар ама фиестата за никаде со исклучок на најновата, и истото важи за французите де горе де долу.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #13 на: 17 Јануари 2011, 20:29:33 pm »
VW i negovite turbo benzincinja...
Spored poveke izvori na 1.4 Twincharger loso mu se pisi
Izvor

A eve i nekolku intereseni komentari :)

-"Nothing at all to do with the poor reliability of the engine? What next they will dump the DSG?"

-"My other concern would be if this lack of investigation exists with the powerplant, then what about the DSG gearbox.A whole host of question get raised relating to trusting VW's Integrity."

-"Fiat Powertrain can get 170hp out of a 1.4 turbo engine with Multiair, and that is a concept with plenty of scope for further development, so maybe VAG have decided they need to re-think their plans to stay competitive."

-"Another nail in the coffin for the New VW Polo Gti,Skoda vRS and Seat Ibiza sales.What the hell are VWGroup /Parent up to. Hope that they will pay compensation to owners who have taken the risk with their technlogy and much much publicised knowledge and expertise, if these units start blowing up at under 150,000 miles.
Trust is a very big issue when you invest in your 2nd largest  investment in life,we are not here to be played with VW!!  "

-"Why do these Germans make such complicated lumps, electronics etc....means expensive repairs n poor reliability especially here in the tropics .Those that have bought will not be pleased to hear this plus future owners should just forget buying a used potential money draining car. Probably expensive rare parts when thet reach 'banger' status ? So what if it was brillant then when launched and won awards... now its going to be scrapped.  "



Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #14 на: 17 Јануари 2011, 20:51:39 pm »
Велештрумф, Опел е свето име во автомобилската индустрија. Од 1800-тите па наваму има продавано концепти и патенти на многу од оние кои се удираат во гради денес (мислам на французите). На опел името им го расипаа Енглезите со Воксал, сакајќи да се фаворизира МГ, Ровер, БМВ и Волво.

Опел има можеби технички најсовршен мотор за масовна продукција од било кој друг производител. Групацијата ГМ во СИТЕ свои брендови става технички решенија развиени од Опел. Разговарајте за угледот на Опел со некој постар возач. Да видите што ќе ви каже.
Глобализацијата на развиените економии во светот била удар за многу индфустрии па и за автомобилската индустрија. Не е тоа тоа ни Опел ни Мерцедес ни Тојота кога голем дел од компонентите се прават во источна европа или Азија. Ама хоупфули конкуренцијата си го прави своето па и тие аутсајдерски контрактори не се толку лоши.

колку за информација, татко ми има Опел Кадет 1,0 од 1967 година. Ремонт не е правен, на него е се фабричко освен карбураторот (моравме да го смениме зошто беше оригиналниот деформиран од времето). Со поминати 350.000 километри без ремонт, со 8л потрошувачка во град и 140км/ч на рамно само уште неколку други модели во светот можат да се пофалат. А кадети сеуште ги има прилично многу низ улициве.

Иначе мое мислење е дека Форд, Фолкваген, Шкода, Опел, Пежо се извонредни марки чии модели не се даваат до последен здив. За јапонците не знам зошто освен од муабети никакво искуство немам (освен со еден нов Јарис, ама нова кола си е нова кола, не можеш да ја споредуваш ни да ја чекаш да остари петнаесетина години па после да коментираш).