Автор Тема: Најдоверливи модели и/или марки  (Прочитано 199878 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #15 на: 17 Јануари 2011, 23:59:11 pm »
Тешко е да вагаш доверлива/недоверлива марка во денешно време. Се’ зависи како ќе ти се погоди и како ќе одржуваш што и да земеш.
Еве ќе речеш Тојота доверлива е, јас знам пар случаи D4D до 50 иљади што не издржале (да не спомнувам водни пумпи, шарки и слично работи)
Алфите, Фијатите ги биеше лош глас, па уље фрлаат, па електроники, а се имаат потрефено серии што само гуми треба да им мењаш.
VW групација, се’ што беше 1.9Д после 90 иљади кај Игор во Злокуќани мењаше електроника, да не зборам за сензор за воздух кај комплетни TDi серии, вакум вентили и држачи за стакла кај прозори со електрика. Е сега предност кај нив  е што во трафика може делови да најдеш.
Велеа бегај од SDI како од ѓавол, старион со Кедито има 450000 поминато.

Примери има безброј, но треба малку и да запазиш PR-от (ова популарно е сега) кој како го работи и од што све се прави сензација (со Тојота знаеме што се деси, а никој не спомна колку Rolls Royce се вратени минатата година за дефекти, Ferrari и сл.). Во 80-тите можеби знаете (ако не кажете) за каква банална причина Ауди беше исфрен од Американскиот пазар и до ден денес мака мачи да се врати.

Најдоверлива марка е онаа која ќе ти се погоди  ;)

Отсутен Deni-SR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #16 на: 18 Јануари 2011, 00:28:20 am »
Уште не сум објавил,(нов член сум), но јас возам Ауди А4 1.9 ТДИ модел Б6 со 131кс од 2003 година купено ново од салон во Австрија, така е купено зашто газдата на салонот е наш пријател. Од почеток аудито го возам јас и досега имам поминато веќе 255.000 км. и верувале или не, досега немам никаков, ама баш никаков проблем со возилото. Редовно сервисирано во ,,Старт,, Демир Капија.
Исто така татко ми вози Ауди А6 2.5 ТДИ, со 150кс, 2000год. исто така купено ново во Австрија, има поминато 490.000 км. На шестката витален моторен дел кој е сменет досега е само бош-пумпа, на 300.000 км, а моја претпоставка е дека причина за расипувањето на истата е горивото со лош квалитет во нашата држава. Фотографии и од двете возила планирам да објавам во најскоро време.
Сакам да кажам дека, правилно одржување на возилото, во овластена сервисна мрежа, со оригинал фабрички делови е клучен фактор за тоа дали истото возило ќе трае или не. Голема улога игра и тоа каде самото возило е купено т.е. за кој пазар е произведено, мала улога игра и тоа дали самото возило ќе ти се погоди или не.
Уште кога ги купувавме возилата, типот од Австрија ни даде еден совет. Додека моторот не постигне работна температура од 90 степени (дизелот малку побавно ја достигнува) истото возило во никој случај да не го возите со повеќе од 3000 обратаи (вртежи). Тоа е еден совет кој го добивме тогаш, и мислам дека е од големо значење за секое едно возило, доколку се почитува.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #17 на: 18 Јануари 2011, 01:22:54 am »
Велештрумф, Опел е свето име во автомобилската индустрија. Од 1800-тите па наваму има продавано концепти и патенти на многу од оние кои се удираат во гради денес (мислам на французите). На опел името им го расипаа Енглезите со Воксал, сакајќи да се фаворизира МГ, Ровер, БМВ и Волво.

Опел има можеби технички најсовршен мотор за масовна продукција од било кој друг производител. Групацијата ГМ во СИТЕ свои брендови става технички решенија развиени од Опел. Разговарајте за угледот на Опел со некој постар возач. Да видите што ќе ви каже.
Глобализацијата на развиените економии во светот била удар за многу индфустрии па и за автомобилската индустрија. Не е тоа тоа ни Опел ни Мерцедес ни Тојота кога голем дел од компонентите се прават во источна европа или Азија. Ама хоупфули конкуренцијата си го прави своето па и тие аутсајдерски контрактори не се толку лоши.

Може не ме разбра, ама во ниеден момент не викам дека Опел е лош... Само удирам акцент на моментот дека ги бие(ше) лош глас, претежно поради тоа што беа дел од огромна групација. Ѕирни погоре, ама напоменав дека баш Опел се единствените во ЏМ што уствари работат нешто ;)

Мислам дека малце ги утна годините, али поентата е сватена ;) Знам дека Опел е поприлично стара марка, и дека има многу постигнато во автомобилскиот свет... Е сеа, кој како и зашто успеа да го испозаебе до тој степен, тоа е друго прашање. Битното е што, полека но сигурно, Опел се враќа кај што му е местото - во друштво на најдобрите.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #18 на: 21 Јануари 2011, 15:00:04 pm »
Najubavite (najkvalitetnite) godini na Opel se 90 -tite.
Toa se gleda i po ponudenite modeli, i po negovata marketinska, mediumska zastapenost vo toa vreme, i po postignatite uspesi vo avto - moto sportot.

http://www.dtm.com/statistik-jahr.php?jahr=1996

Jas licno , razlikite vo kvalitetot mozam da gi voocam  duri i kaj edni obicni drzaci za stakla na retrovizori ili pak osiguraci na zadni stopovi bez da navlagam vo trajnosta na motorot, elektronikata, karoserijata ili materijalite na enterierot.

Da se nadevame samo deka Opel se vrati ili ke se vrati na toa nivo.
Za pocetok, potrebno e pogolemiot del od ponudata da ja stavat na dieta bidejki edna Astra od 1400 cm3 denes tezi skoro 200 kg poveke od Calibra od 2000 cm3 so turbo , reduktor, klima, 3 hladnjaci i dvojno pogolem gepek.
« Последно менување: 21 Јануари 2011, 15:14:05 pm Stratro »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #19 на: 21 Јануари 2011, 15:46:24 pm »
Стратро, ако ме шраша некој мене би рекол дека следниот приоритет во еволуцијата на патничките возила треба да биде користењето на композитни материјали кои се поцврсти и мноооогу полесни од досегашните стандардни материјали.
Со само една промена во стандардите за намалување  на масата за 25% замисли колку предности ќе се добијат:
1. Намалена потрошувачка
2. Зголемени перформанси
3. Зголемена безбедност
4. Подобрен хендлинг (што би рекле управливост)
5. Пониски трошоци за транспорт
6. Зголемена трајност на гумите

И што уште не. Јас би рекол заеби мотори, заеби електроники. Дај нека ја намалат масата на возилата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #20 на: 21 Јануари 2011, 15:55:09 pm »
Стратро, ако ме шраша некој мене би рекол дека следниот приоритет во еволуцијата на патничките возила треба да биде користењето на композитни материјали кои се поцврсти и мноооогу полесни од досегашните стандардни материјали.
Со само една промена во стандардите за намалување  на масата за 25% замисли колку предности ќе се добијат:
1. Намалена потрошувачка
2. Зголемени перформанси
3. Зголемена безбедност
4. Подобрен хендлинг (што би рекле управливост)
5. Пониски трошоци за транспорт
6. Зголемена трајност на гумите

И што уште не. Јас би рекол заеби мотори, заеби електроники. Дај нека ја намалат масата на возилата.
Дефинитивно. Ама многу пари се смотаните карбон фајбер мајбер. Откога се прават сигурносни кафези и слично, незнам како сеуште се прават метални делови кд каросеријата. Златен фиберглас.
Едно време се правеа делови од фиберглас, како поклопец на багажник и слично. Ама во денешно време кога најважно е да се намали тежината... треба што повеќе да се користи фиберглас за повеќето тешки и неструктурни делови.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #21 на: 21 Јануари 2011, 15:56:18 pm »
Да, ама производителот цели да направи што поефтин автомобил кој ќе го продаде што е можно поскапо (од негова гледна точка).
Користењето на композитни материјали прво треба да се омасови за да им падне цената на истите.
Сеуште е прескапо тоа за автомобил во масовна продукција

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #22 на: 21 Јануари 2011, 16:08:40 pm »
Да, ама производителот цели да направи што поефтин автомобил кој ќе го продаде што е можно поскапо (од негова гледна точка).
Користењето на композитни материјали прво треба да се омасови за да им падне цената на истите.
Сеуште е прескапо тоа за автомобил во масовна продукција

А дали постои некаде студија што ќе покаже дали ако се зголеми цената на автомобилот за 100% (употребувајќи карбон фајбер) дали таа разлика во цена ќе се исплати со намалување на ред други трошоци во следните 5 или 10 години за истата таа цифра?


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #23 на: 21 Јануари 2011, 16:26:43 pm »
Да, ама производителот цели да направи што поефтин автомобил кој ќе го продаде што е можно поскапо (од негова гледна точка).
Користењето на композитни материјали прво треба да се омасови за да им падне цената на истите.
Сеуште е прескапо тоа за автомобил во масовна продукција

А дали постои некаде студија што ќе покаже дали ако се зголеми цената на автомобилот за 100% (употребувајќи карбон фајбер) дали таа разлика во цена ќе се исплати со намалување на ред други трошоци во следните 5 или 10 години за истата таа цифра?



Студија, незнам, не сум сретнал, ова што го пишувам го пишувам по сопствено убедување.
Знаеш дека карбон фајберот е исклучително крт материјал и при распарчување што се случува со него.
Е сега, како мислиш дека ќе помне автомобил за масовно производство на тест за безбедност, а посебно за заштита на пешаци.
Не велам не, сигурно има таму некоја легура/материјал која треба да се открие која ќе биде ефтина, полесна....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #24 на: 21 Јануари 2011, 16:35:48 pm »
Не велам не, сигурно има таму некоја легура/материјал која треба да се открие која ќе биде ефтина, полесна....

Баш на тоа мислам. Не мислев конкретно на карбон фајбер. Тој ниту се крпи ниту се поправа. Се рони како ќумур, ама затоа абсорбира многу од кинетичката енергија.

Затоа пишав првично, да се експериментира со материјали и да се смисли некој НОВ материјал. Тоа е далеку порационално отколку да трошат милиони за да добијат 10% повеќе перформанси од моторот.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #25 на: 21 Јануари 2011, 20:46:26 pm »
Najubavite (najkvalitetnite) godini na Opel se 90 -tite.
Toa se gleda i po ponudenite modeli, i po negovata marketinska, mediumska zastapenost vo toa vreme, i po postignatite uspesi vo avto - moto sportot.

http://www.dtm.com/statistik-jahr.php?jahr=1996

Jas licno , razlikite vo kvalitetot mozam da gi voocam  duri i kaj edni obicni drzaci za stakla na retrovizori ili pak osiguraci na zadni stopovi bez da navlagam vo trajnosta na motorot, elektronikata, karoserijata ili materijalite na enterierot.

Da se nadevame samo deka Opel se vrati ili ke se vrati na toa nivo.
Za pocetok, potrebno e pogolemiot del od ponudata da ja stavat na dieta bidejki edna Astra od 1400 cm3 denes tezi skoro 200 kg poveke od Calibra od 2000 cm3 so turbo , reduktor, klima, 3 hladnjaci i dvojno pogolem gepek.


Da cudna rabota :(, novata Astra so najmal motor tezi kako A6-ka od prethodnata generacija
1997 Audi A6 1.8T      1355 kg
2002 Audi A4 1.8T      1395 kg

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #26 на: 21 Јануари 2011, 20:53:56 pm »
Па тежи затоа што покола е од нив.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #27 на: 21 Јануари 2011, 22:36:18 pm »
Аудите се алуминиумски. Каросеријата значително е полесна од таа на Астрата...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #28 на: 21 Јануари 2011, 22:50:37 pm »
Аудите се алуминиумски. Каросеријата значително е полесна од таа на Астрата...
Во спецификациите за Астрата, тежината е дадена со шоферот + 1/2 или 2/3 полн резервоар со гориво. Одземи 130-140kg од бројката и ќе испадне тешка колку конкуренцијата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #29 на: 21 Јануари 2011, 22:51:07 pm »
Не е точно дека се алуминиумски наведените Ауди модели

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need